Ние сме подготвени и денес да направиме сè што е во наша моќ и што е во согласност со светите канони на Светата Црква, за да ги потпомогнеме нашите православни браќа во денешна Македонија.

Ова се вели во патријаршиската и Синодалната порака по повод 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија. „Историските судбини на земјите, на кои по Божја волја сите ние живееме, и на христијаните кои живееле и живеат и денес во овој регион се сложени и превратни. Денес на Балканот постојат сосема различни во споредба со далечното минато државни и црковни реалности. Како резултат на различни општествено-политички процеси во овој регион во текот на годините се затврдени нови држави и нови помесни Православни цркви – приемници на една или друга црковна јурисдикција која постоела во минатото. Меѓутиа, тоа кое продолжува и денес да не обединува сите нас – без исклучок – е нашата од Христа Исуса доверена спасителна православна христијанска вера. Она што и денес продолжува да не сплотува во едно, е нашето единство во богочовечкото Тело на светата и маченичка Православна Црква. Тоа беше и причината и главната наша побуда Светиот Синод на нашата Православна црква да ја прифати предложената од македонска страна улога на посредник кој да ги преземе неопходните и можни чекори и активности пред другите братски Православни цркви за решавањето на канонските црковен статус на Православната црква во Република Македонија, која повеќе од половина век страда од наметнатата рковна изолација. Со овој мотив и со оваа намера прифатена на крајот на ноември 2017 година и пристигнатата од Република Македонија молба и предлогот да преземеме на себе товарот на посредништвото за решавање на статусот на Православната Црква во оваа земја. Намера која не може во никој случај да имплицира кршење на вековните правила во Црквата „, пишува уште во пораката.

„Во последната повеќе од половина година црковното и јавно внимание кај нас е насочено со посебна сила врз соседна Република Македонија и особено врз темата за статусот на Православната Црква во оваа земја, која за жал со децении престојува надвор од општење со семејството на помесните Православни цркви. Оваа тема и овој проблем добија острина во врска со официјално изјавената од раководството на оваа Црква желба Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија да ја прифати улогата на нејзина мајка- црква, и така конечно да биде решен канонски статус на Црквата во денешна Македонија. Желба што беше прифатена со внимание и чувство за одговорност од бугарска црковна страна, но истовремено и недвосмислено негативно од некои братски Помесни цркви, кои отворено го изјавија своето несогласување со сличен развој на македонското црковно прашање „, пишува уште во пораката.

„Дел од големиот проблем за статусот на Православната Црква во денешна Република Македонија е прашањето за историската судбина на постоење во минатото Бугарска Охридска архиепископија, од чие основање во оваа 2018 година навршуваат илјада години. Беа спроведени и претстојат прослави на оваа важна годишнина, кои се поредното сведоштво за длабочината на поделбата меѓу братските Православни цркви по ова прашање.

Истовремено, во врска со одбивањето на Бугарската Православна Црква да учествува во прославите, одржани на 27 и 28 мај во историскиот храм на Божјата премудрост во градот Охрид, кон Свештеноначалието на светата Бугарска патријаршија беа упатени незаслужени укори, кои достигнуваа до обвинувања за предавство – тешки укори кои, без разлика дали биле плод на неразбирање или на недоброжелателство, донесоа непотребна горчина на целата наша Црква, се вели во патријаршиската и Синодалната порака, која е потпишана од Партриарх Неофит и сите нејзини митрополити.

Вонредната патријаршиска и синодиска порака беше изготвена во врска со забележителната годишнина. На редовното заседание на 14.05.18 година, Св. Синод на БПЦ-БП донесе одлука за одбележување на 1000-годишнината од основањето на Бугарската Охридска архиепископија на 10.06.18 година, со отслужување на архиерејска света Литургија во патријаршискиот катедрален храм „Св. Александар Невски“. Меѓу митрополитите кои не беа денеска во катедралата беа и Старозагорски митрополит Кипријан, кој е на чело на специјална комисија се решавање на статусот на МПЦ, како и Пловдивски митрополит Николај.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO