1922 година, во Софија умира војводата Павел Христов. Роден е во селото Цапари, Битолско, во 1874 година. Раководител на Костурскиот револуционерен округ (1898-1901), по востанието бил раководител на Битолскиот револуционерен округ.

За време на меѓуусојузничката војна е во Зборната партизанска рота. Во септември 1913 година Христов бил еден од главните организатори и водачи на бугарско-албанското Охридско-Дебарско востание. На 12 септември 1913 година, неговата чета, заедно со четата на Петар Чаулев, влегува тржествено во ослободениот Охрид. Павел Христов влегува во раководното тело на привремената бугарска влада. По задушувањвто на востанието, Христов се повлекува во Албанија, каде што ги контактираше албанските револуционери за нова соработка.

Есента 1913 година Христов е назначен за главен бугарски учител во Албанија и заедно со назначениот за бугарски архиерејски намесник Трпе Поповски пристигнуваат во Драч на 26 ноември. Таму меѓутоа се уапсени од местниот управител Есад паша Топтани, кој бил подмитен од српски и грчки агенти и ги интернира во Валона. Ослободени се благодарение на интервенцијата на Ресенските трговци Михаил Татарчев и Коста Стрезов, како и на влијателниот бугарофил Хасан бег Приштина. Бугарскиот генерален конзул во Валона Тодор Павлов ги испраќа Поповски и Коста Мирчев во Скадар, каде да откријат бугарско училиште, а Христов и Григор Ошавков во Дебарско. Во Поле и Голо Брдо тие се обидуваат даго  помогнат враќањето на бегалците и да го обноват бугарското образовна дело назначувајќи нови учители.

За време на Првата светска војна Павел Христов заедно со Петар Чаулев е на чело на голема организациска чета, која дејствува во тилот на српската армија и го ослободува градот Крушево три дена пред доаѓањето на бугарските војници. Меѓу 1915 – 1918, кога Вардарска Македонија е во границите на Бугарија, Павел Христов е окружен финансиски раководител, а подоцна и окружен управител на Битола

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO