„Стануваме ли Бугари, ќе побара ли Борисов од Путин обновување на Санстефанскa Бугарија?“ Така иронично македонскиот аналитичар Александар Пандов го насловил својот коментар на сајтот „Република“. Тој го осудува остро како предлогот на Македонската православна црква да ја прифати Бугарската за црква-мајка, отфрлен од склеротичните бугарски владици, така и молбата на МПЦ која следеше потоа до Цариградската Патријаршија да ја признае под името „Охридска и на Јустинијана Прима Архиепископија“. Се разбира главен објект на критики е премиерот Заев кој ги поддржал овие стремежи, како и создавањето на заедничка историска комисија, акт кој според Пандов ќе им овозможел на „бугарските историчари да ни ја пишуваат историјата, по која ќе учиме дека светите браќа Климент и Наум, како и Кирил и Методиј се Бугари. Значи ли тоа дека значи дека ние стануваме бугарски духовни чеда и со самото тоа Бугари? “

Само што уредниците допуштаат грешка!

Наместо мапа на Санстефанска Бугарија, публикувана е мапа на Бугарија според решенијата на Цариградската конференција од 1876. Таа е постара од Санстегфанска Бугарија објавена повеќе од година подоцна во 1878. Во „Константинополска“ Бугарија не е вклучена Егејска Македонија, но се вклучени северна Добруџа и Ниш!

Пандов, или кој ја поставил оваа автентична англиска мапа не сфатиле дека на тоj начин нанесуваат удар на една од светите крави на фалсификуваната историја на Македонија од времето на Југославија. Имено, дека Санстефанска Бугарија била некаков измислен од Русите големодржавен проект кој не одговарал на реалностите на терен.

Всушност до Цариградската конференција се стигнува по задушувањето на Априлското востание, што секако се шири и до делови од Македонија, каде организацијата наречена „Бугарска зора“ ги дига местните на оружје. Во македонската историографија тоа е претставено како сосема одделно востание нарекувано „Разловечко“.

Претставниците на големите сили, по долги дискусии му нудат на султанот решение. Да и ​​даде автономија на Бугарија во посочените на мапата граници. Тие не се измислени случајно, а речиси се совпаѓаат со границите на Бугарската егзархија. А нејзините граници како што е познато се дефинирани по серија од референдуми, со што е дозволено кон Егзархијата да се присоединат сите реони каде за тоа гласале над 2/3 од христијанското население. Во некои места на територијата на денешна Македонија, гласањето за Егзархијата надминува 90%. Повеќе од половина од христијаните во некои делови на Егејска Македонија исто гласаат „ЗА“ Егзархијата, но бројката не достигнува до потребните две третини!

Егзархијата им обезбедува на Бугарите културна автономија, но тоа не ги задоволува бурните глави. Според зборовите на познатиот револуционер Љубен Каравелов „Слободата не сака егзарх, го сака Караџата!“ (Познат бугарски војвода, кој заедно со Хаџи Димитар формирал чета, која води тешки битки, но е разбиена во 1868).

Така се стигнува до Априлското востание и Цариградската конференција. На неа големите сили го признаваат очигледното. Бугарската егзархија е национална, а не конфесионална институција. Таа нема никакви канонски разлики со другите православни цркви. Таа не е пројава на милетниот систем, според кој поданиците на Отоманската империја беа поделени според нивната вера, а неговото отфрлање.

Идеите за национална припадност навлегуваат на Балканот кон крајот на 18 век и први Грците, а подоцна и Бугарите започнале да градат нации. Колку повеќе Патријаршијата се претворала во грчка институција, толку посилно Бугарите – дотогаш само етничка заедница без јасен историски спомен, градат свој национален проект. Во него се вклучуваат и некои Власи и Албанци. Ксенофонт Ѕинѕифи по своја желба станува Рајко Жинзифов и се оддава на изградбата на бугарската нација!

Со отворањето на бугарските училишта започнува да се изучува и бугарската историјата. Силно украсена и митологизирана, се разбира. Светите браќа Кирил и Методиј се претставени на иконите како бугарски просветители, вклучително и на икони на територијата на денешна Македонија. Токму борбата за создавање на бугарска автономија и независност ги претвора Бугарите во нација, убедена во својата заедничка судбина,која посакува свој сопствен политички развој.

„Ако решенијата на Цариградската конференција беа прифатени – пишува во 30-тите години на 20 век познатиот бугарски експерт по уставно право Љубомир Владикин – бугарското национално прашање ќe се разрешеше основно и праведно. На Балканскиот полуостров ќе царуваше правдата, а петте последователни војни би биле бесмислени „.

Александар Пандов сигурно се радува дека султанот не ја прифатил препораката на големите сили и „Константинополска Бугарија“ не добива автономија, дури и кога како компромис големите сили нудат таа да се подели на „источен вилает со престолнина Трново и западен вилает со престолнина Софија).

Султанското одбивање и дава причина на Русија да и објави војна на Империјата, да го наметне Санствфанскиот прелиминарен договор, по кое земјите на Бугарската егзархија да бидат раскинати на Берлинскиот конгрес. Но, дури и Пандов едвај ли би се ангажирал со тврдењето, дека неговите предци се радувале на овој трагичен развој на настаните. Не мислам дека има македонски историчар, кој сериозно мисли дека пред тревожната вест за решенијата на Берлинскиот конгрес да доjде до Крива Паланка на некоj таму му минувало на памет дека во Ќустендил живее друг народ кој зборува на друг јазик, или дека жителите на Скопје му се културно поблиски од оние во Софија. Нема како дури Пандов да одрече во јасен текст дека решенијата во Берлин го режат  живото месо на една реална заедница!

Да не го коментираме фактот, дека како резултат на несогласувањето со решенијата во Берлин се создава БМОРК ( Бугарските Македоно-одрински револуционерни комитети), која подоцна преминува во ВМОРО и ВМРО. Александар Пандов, кој е подржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ-партија која се смета за наследник на оваа организација, би требал подобро да ги проучи овие факти, верификувани од целата безпристрасна светка историографија.

Затоа тој, залагајќи се за денешното тврдо востановено чувство за македонска национална припадност, се обидува да го транспонира во времето со неверојатна акробатика.

Да се ​​вратиме на бајката: „ќе учиме дека светите браќа Климент и Наум, како и Кирил и Методиј се Бугари. Значи ли тоа дека ние стануваме бугарски духовни чеда и со самото тоа Бугари? “

Според оваа порочна логика, ако Свети Свети Кирил и Методиј биле Бугари, значи и денешните Македонци се Бугари. Ако светите браќа не биле Бугари, значи и во 19 век во Македонија немало Бугари … апсурд!

Само што нациите не се нешто од вечноста засекогаш!

Никој објективен историчар не може да тврди дека Свети Кирил и Методи биле Бугари, а уште помалку Македонци! Земјите околу Солун тогаш не биле нарекувани Македонија. Не ни е познато дали тие некогаш се идентификувале со некој етнос, но е сигурно дека служеле на Источната Римска империја и го заштитувале правото на сите народи да пишуваат на својот јазик. Но нивното дело за просветување на сите словенски народи, сигурно ќе останеше заборавен фрагмент од историјата, ако Свети Климент и Свети Наум во својство на бугарски службеници не откриваат книжевни школи по сите краишта на тогашна Бугарија – од Црното Море до земјите на денешна Албанија.

Нивното дело е олицетворение на политиката на Бугарската држава, но тоа го создава бугарскиот етнос. Перото излегува посилно од мечот и овој етнос оцелува дури и кога државата била покорена! И векови подоцна овој етнос станува квасецот за создавањето на бугарската нација. Бугарскиот јазик еволуира, ги губи падежните форми, го прима членувањето и кон 19 век е отворено различен од сите други словенски јазици. На териториите кои се декларирале како бугарски за време на референдумите за Егзархијата се зборувале повеќе дијалекти, но тие по никој начин  не можеле да бидат поделени на „бугарски“ и „македонски“. Кога непознати од Охрид и Скопје се сретнувале во Цариград, тие се прашувале: „зборуваш ли бугарски?“.

Објективизирањето на историјата не може да ги промени современите национални идентитификации. Прифаќањето на очигледната вистина дека светите браќа не биле Бугари, никако нема да го промени фактот дека митот за нив како бугарски просветители укажува огромно влијание за време на Бугарското преродба. Прифаќањето на вистината за нив, нема да ги поколеба Бугарите во нивниот идентитет. На истиот начин, осознавањето дека Св. Климент и Св. Наум, како и цар Самуил, цар Иван Владислав и Петар Делјан и.т.н. биле Бугари во средновековната смисла на зборот, а борците за Бугарска егзархија и востаниците во Разловечкото востание биле Бугари во преродбенската смисла на зборот, во никој случај не значи дека денешните Македонци „стануват со самото тоа Бугари?“ во смислата на Бугари од 21-от век! Како и тоа дека се нарекуваат Македонци не значи дека потекнуваат од Македонците на Александар Велики!

Преродувањето на Санстефанска Бугарија е невозможно, затоа што етничкиот состав на Егејска Македонија е драстично  променет. Но за формирањето на привидот на „Константинополска“ Бугарија не треба Владимир Путин да го дава својот благослов! Република Бугарија и Република Македонија се суверени држави и над нив нема меѓународна забрана за обединување – каква што била наметната над Германија и Австрија по Првата светска војна, а денес над Албанија и Косово. Само што идејата  на Ристе Љуботенски – некогашен советник на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров за конфедерација меѓу двете земји, тешко ќе проработи. Источните и западните Германци беа поделени малку повеќе од 40 години, при што физички беа отсечени едвај за само 28 од нив. Немаше обиди да се разделат јазиците, немаше внушувања, дека тие никогаш не биле еден народ. Сепак, дури 28 години по нивното обединување, остануваат линиите на поделба! Дури и оние што се родени по 1990 година, кои не го паметат Берлинскиот ѕид, се однесуваат, размислуваат и гласаат поинаку.

Човек нема потреба да е политиколог, за да предвиди дека ако денешните Бугарија и Македонија се обединат, тоа ќе создаде повеќе проблеми отколку што ќе може да реши!

Можеби ќе биде можна многу лабава конфедерација, но тешко и таква ќе биде успешна. Во двете земји доминира култура на спротивставување, а не култура на соработка. Како што беше кажано во една песна, „Како можеме да бидеме љубовници ако не можеме да бидеме пријатели?“

За да можеме да соработуваме, треба да ја прифатиме историјата каква што била. Пред повеќе од 12 века по нашите земјиште живееле различни словенски племиња, (пра)бугари, остатоци од локалното тракиско население, хеленизирани и романизирани групички, Готи, Печенеги, Авари, Кумани и какви ли уште не. Барем 1000 години мнозинството од населението се нарекувале Бугари и зборувале на доста особен јазик со претежно словенска лексика и граматика сосема различна од онаа на словенските јазици. Овој јазик бил дефиниран од страна на тие што го говореле и од странците како бугарски. Таа заедница била насилно поделена, прво физички, а потоа и духовно. Денес имаме две суверени држави и два народа кои го преживеале своето неодамнешно минато во сосема различни услови.

Кога Бугарија се издигнувала – по ослободувањето и по војните, Македонија страдала под туѓ јарем. Кога Бугарија попаѓа зад Железната завеса, Македонија ужива релативни битови слободи и просперитет во рамките на Југославија. Кога Бугарија се интегрира во ЕУ и НАТО, Македонија потонува во мочуриштето на ʺЗападен Балканʺ …

Договорот за добрососедство и соработка е првиот чекор во надминување на оваа историска спротивставеност. За да имаме шанси за успех, треба да ја прифатиме како заедничката историја за период од најмалку 1000 години, така и посебната еволуција на двата народи во текот на последните генерации. Прифаќајќи дека нациите не се нешто дадено еднаш и засекогаш, а слично на живите организми еволуираат и се развиваат, ќе успееме да изградиме пријателство. Тоа само ќе им помогне на Македонците да го консолидираат својот модерен идентитет. Всушност, обврзувањето на македонскиот идентитет со очигледни невистини ја крие најголемата опасност што може да доведе до неговиот колапс. Тој колапс, меѓутоа, нема да доведе до „ребугаризација“, туку до раскинување на заедници и семејства. Македонија веќе доживеа таква поделба кога Македонците беа насилно откинати од бугарското етно-национално ткиво. Втората таква поделба може да биде фатална. И едвај дали и најзакоравениот бугарски националист би го посакал тоа да се случи!

–––––––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO