Вселенската партриаршија преговара за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква / МПЦ / под името Охридска архиепископија.

Ова го изјави за државната телевизија во Атина грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

„Преименувањето на Македонската православна црква во Охридска архиепископија би требало да биде поздравено. Луѓето од Скопје треба да бидат наградени за начинот на размислување, за храброста, дека се враќаат во нивното традиционално и непровокативно име“, рече уште Коѕијас.

Дипломатот №1 на Атина ја повика Грчката православна црква / ГПЦ / да не се меша во црковниот спор, бидејќи „тоа не е работа на Светиот Синод на ГПЦ“.

„Тоа нешто како граѓани ги засега, но не и како институција, тоа не е нивно прашање … Кога во почетокот на оваа година Светиот Синод ги поддржа протестите многу добро знаеше дека се водат преговори меѓу црквата во Скопје и Вселенската партриаршија и требаше да го уважи тоа нешто „, рече Коѕијас. „Дали ќе биде признаена автокефалноста или нешто друго, тоа е прашање на Вселенската патријаршија. Тоа не е тема за Светиот Синод на ГПЦ. Тоа не е нивен проблем. Откако е започнато решавањето на ова прашање би било добро да не се мешаат и да остават ова прашање да се реши. а, би било уште подобро и да ја поддржат оваа одлука „, предупреди Никос Коѕијас и додаде дека“ преговорите меѓу Вселенската патрирашия и МПЦ-Охридска архиепископија се водат од една година „

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO