Новата студија на истражувачкиот центар Пjу покажува дека социјалната Фејсбук платформа е претекната од три други апликации меѓу младите во Америка.

Според годишното истражување на центарот, во кое учествувале американски младинци на возраст од 13 до 17 години, трите најпопуларни апликации се: YouTube (Ју туб) Instagram (Инстаграм) и Snapchat (Снапчат). Фејсбук е рангиран на четвртото место.

Во истата студија, младите имаат релативно неутрален поглед на влијанието на социјалните мрежи врз нив. 45% од испитаниците одговориле дека социјалните мрежи немаат влијание над нив и нивните врсници – 31% – сметаат дека социјалните мрежи имаат позитивно влијание, а 24% сметаат дека социјалните мрежи влијаат лошо.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO