Напаѓачот на Реал Мадрид Марко Асенсио призна дека не може да ја замисли можноста големата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Португалцот навести таков потег кратко време по победата со 3-1 над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите. Оттогаш наваму, сепак петкратниот добитник на Златната топка сеуште не објавил дали ќе го обнови договорот или ќе го напушти Кралскиот клуб.

„Не можам да си замислам да играм без Кристијано. Тој секогаш бил и ќе биде многу важен за нас и затоа сметам дека тој и Мадрид треба да одат заедно, рака под рака „, изјави Асенсио пред“ Marca „.

Според информациите во шпанскиот печат Роналдо е незадоволен од условите на новиот договор, кој раководството на клубот му го предложи во текот на сезоната.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO