Претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на големиот бугарски писател Димитар Талев, роден во Прилеп, ќе се изведе на 11 јуни, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.

Генерален спонзор на одржувањето е Фондација „Илија Камчев, а се реализира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура и Министерството за одбрана на Република Бугарија.

На премиерата во македонската престолнина се очекува да присуствуваат премиерите на Бугарија и на Македонија – Бојко Борисов и Зоран Заев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO