Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, може да ј засили халф-линијата на својот тим со Марко Верати од Париз Сен Жермен, соопшти Мирор.

Португалски специјалист е во потрага по класни играчи од средниот ред кои треба да го заменат Мајкл Керик кој го напушта тимот.

Трансферот на Фред од Шахтјор е речиси сигурно, а ʺЦрвените Ѓаволиʺ пројавуваа интерес за Верати уште минатото лето. Тогаш Французите објавија цена од 100 милиони фунти, која се очекува да биде слична и ова лето. 25-годишниот Верати отиде во ПСЖ во 2012 година од Пескара.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO