Германскиот производител на автомобили ʺФолксвагенʺ планира да отвори три нови фабрики во Кина, соопштува агенцијата ДПА.

Планираните заеднички вложувања со кинескиот производител FAW во градовите Циндао, Тјанцзин и градскиот округ Фошан ќе помогнат за наметнување на германската марка на локалниот пазар на електромобили, одбележуваат од „Фолксваген“.

Во текот на следните 7 години, германската компанија планира да произведе околу 40 модели на електрични автомобили во НР Кина. Од 2025 година, Volkswagen ќе произведува најмалку 1,5 милиони електрични возила годишно.

Претходно германскиот автомобилски гигант и неговите кинески партнери најавија дека ќе инвестираат околу 15 милијарди евра во развојот на електромобили и системи за автономно движење.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO