„Никој не и пречеше на БПЦ да биде активен посредник пред Вселенската патријаршија за казусот МПЦ“ – Се појави ли камен на сопнување во односите БПЦ – МПЦ за натамошно зближување? Ќе продолжи ли Бугарската Патријаршија да биде „Црква – мајка“ на Македонската архиепископија по изјавата на Вселенскиот патријарх, дека тој ќе се зафати со проблемот на МПЦ? Доц. Дилјан Николчев (професор по црковно право, устројство и управување на БПЦ) потсети: „предупредив дека БПЦ нема капацитет да води вакви преговори. Процесот на признавањето на автокефалноста на МПЦ, во кој БПЦ требаше да има главна улога стивна, пред да започне. Неодењето на бугарски архиереи на прославата на Охридската архиепископија значи откажување од дел од бугарската историја.“ Според дфн Момчил Методиев (историчар)“ Ако БПЦ беше учествувала во преговорите, можеше да реагира на шпекулациите во однос на историјата на Охридската архиепископија. Сега изгледа дека го губи тоа право. Освен тоа Македонскиот и Украинскиот казус одат по една патека и можеби ќе го најдат своето решение. „Мирослав Ризински, заменик-претседател на Бугарскиот културен клуб – Скопје сподели:“ Ние не водиме политика, а научен спор. БПЦ требаше да е дел од играта, за да има можност сега да ја заштитува историската вистина. Лошото е дека кога се создаде Православната Охридска Архиепископија на Јован (Вранишковски) никој од Бугарија не реагираше. „.

Целото предавање ʺВера и општество по БНТ со водечкиот новинар Горан Благоев може да го проследите тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO