Годишното собрание на акционери на Фејсбук е настан на кој обично не се случува ништо интересно. Оваа година, сепак, тоа помина во изливи на гнев и разочарување од страна на инвеститорите кон директорите на компанијата, зад која стои година, исполнета со скандали, посочува „Ен-Би-Си њуз“.

Американската телевизија соопшти дека средбата на моменти наликувала на „бунт“, во кој инвеститорите го „распнувале на крст“ со прашања основачот на компанијата, Марк Зукерберг. Прашањата биле поврзани со неговото управување и начинот на кој тој се справи со скандалот на Кембриџ Аналитика за да собира информации од корисниците на социјални мрежи.

„Следете го Џорџ Вашингтон, а не Владимир Путин“, еден од инвеститорите се обрати кон Зукерберг. Таквото соопштение во американските медиуми се толкува како повик на инвеститорите Зукерберг да го следи решението на Џорџ Вашингтон, со кое тој се повлече од функцијата – претседател на САД и да го стори истото-да се повлече од функцијата на извршен директор на компанијата.

Телевизијата јавува дека за време на изборот за членови на Управниот одбор на „Фејсбук“, една жена ја прекинала средбата и ги повикала акционерите да го спречат изборот на Зукерберг за негов член. Сепак, сите осум членови на Одборот, вклучувајќи го и Зукерберг, беа повторно избрани.

Заседанијата на генералното собрание на акционерите обично е формалност, бидејќи изборната активност во компанијата е контролирана од Зукерберг и тесен круг луѓе околу него, со што практично е невозможно да помине ваква иницијатива на акционерите за неговата смена, освен ако тој не одлучи сам да се повлече.

На средбата беа отфрлени сите 66 иницијативи предложени од акционерите, меѓу кои и онаа за измена на правото на глас, со што Зукерберг би ги изгубил специјалните права при гласање

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO