Формирана е работа група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова. Согласност од семејството е добиена.

„За жал, имаме проблем околу домот на Есма Реџепова, кој е отворен и го аби времето, а е понуден за јавни простори. Министерството за култура веќе одржа два состанока со дел од членовите на семејството за да можеме да ги завршиме претходните постапки и конечно да влеземе во домот, да го реконструираме, да го одржиме и да биде отворено катче за Ромите и за сите граѓани како споменик на културата. Да биде понуден како што таа оставила во аманет, за општествени дејности“, рече премиерот Заев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO