Борбата меѓу Александар Поветкин и Ентони Џошуа за светската титула во верзијата на Светската боксерска асоцијација (WBA) може да се одржи во Англија во текот на есента, изјави Поветкин пред ТАСС. Русинот е официјален кандидат за појасот, кој е во сопственост на Британецот.

Џошуа меѓутоа, планира прво да се бори против американецот Доналд Вајлдер.

„Станав задолжителен претедент и затоа треба да се исправам пред Ентони Џошуа. Кога и каде ќе се одржи борбата засега не е познато, сето тоа зависи од промоторите, но најверојатно ќе биде во Англија во текот на есента. Со подготовките ќе почнам, кога ќе стане познат датумот“, изјави Поветкин. Џошуа има 21 победи (20 со нокаут) и нема пораз. Поветкин во визитката има 34 победи, а единствениот пораз претрпе во 2013 година во борба против Владимир Кличко.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO