Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изненадувачки го напушти постот во Кралскиот клуб. На специјална прес-конференција, Зизу рече дека решил да се повлече, бидејќи на тимот му се потребни промени, нови идеи и методи. На прес-конференцијата присуствуваше и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој објасни дека вчера тој бил информиран од Французинот за неговото неочекувано решение.

Минатата недела Реал го освои без преседан третиот последователен шампионски трофеј без, а тоа досега не го постигнал ниту еден тренер. Под негово водство, Реал, исто така, стана шампион на Шпанија, победник на Суперкупот на земјата, двапати Супер Купот на УЕФА и два пати на Светскиот клубски шампионат. Ъака Зидан си заминува по освојувањето на девет трофеи со шпанскиот гранд.

„Мислам дека, како за мене, така и за сите останати овде, дојде време за промена. Тоа не беше лесно решение. Знам дека можеби избрав некој чуден момент да ја објавам мојата одлука, но мислам дека беше многу важно да го сторам тоа во корист на овој клуб. Тимот треба да продолжи да победува и затоа е потребна промена. По три години, соблекувалната има потреба од нов глас, нов начин на работа, и затоа го донесов ова решение. Секогаш сакаме повеќе од играчите, но дојде моментот кога не можев да барам повеќе од нив. Сега тие имаат потреба од друг глас за да ги врати назад кон успехот, изјави поранешниот француски репрезенативец.

Зинедин Зидан застана на чело на Кралскиот клуб во јануари 2016, заменувајќи го на постот Рафаел Бенитез, под чие раководство тимот не се претставуваше особено убедливо како во првенството, така и во Лигата на Шампионите. Само за неколку месеци на чело францускиот специјалист не само што успеа да го стабилизира претставувањето на „белите“, но и да го изведе тимот до рекордна 11-та титула на Европа, откако во финалето Реал се наметна над градскиот ривал Атлетико Мадрид по изведување на пенали.

Неговата втора сезона како тренер на Сантијаго Бернабеу беше најуспешната за Зидан. Не само дека триумфираше со титулата во Примера за прв пат од сезоната 2011/12, пребоеувајќи ја конкуренцијата на големиот ривал Барселона, но тимот стигна и до историска втора титула во Лигата на Шампионите и вкупно 12-та во историјата на клубот.

Доминацијата на „Кралевите“ во Европа продолжи и во текот на оваа година, кога тимот на Зизу го постигна незамисливото, освојувајќи го трета година по ред „Пехарот со големите уши“. Во шпанското првенство меѓутоа Кралскиот клуб не успеа да ја одбрани  титулата која отиде во Барселона, а Реал заврши на незадоволителното трето место во Ла Лига.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO