Тржествата по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија даде неверојатна шанса Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Бугарија и Македонија да се претвори во незаобиколив фактор во натамошното продлабочување на односите меѓу двете братски држави.

За жал! Тоа не се случи.

Не се случи затоа што протегнатата рака на македонските архиереи до нивните бугарски духовни браќа, остана да виси беспомошно во воздухот, неподдржана со братска љубов и срдечност, пројавувани многукратно низ вековите.

Не се случи и поради малодушноста на бугарскиот државен врв, кој претпочиташе да остане скриен во неговите пространи кабинети, безгласен, нерешителен и подсластен на советите, кои доаѓаат од инфантилни чиновници, користољубиви „добродетели“ и геополитички мудреци.

Отсуството на претставници на Бугарија – духовни и државни на овие прослави, всушност е удар врз самата Бугарија, која со овој акт на незнаење и неодговорност, ја рани вистината за историјата на Охридската архиепископија. Таа ја предостави доброволно оваа света вистина во рацете на школувани фарисеи, кои работат напорно, денешните архиереи никогаш да не го повторат подвигот на Григор Прличев, кој ја разбудил родовата памет на неговите сограѓани, и на митрополит Натанаил, кој седнал тржествено на Светиклиментовиот трон во Охрид во 1874 година. Отсуството на претставници на Бугарија – духовни и државни – ја охрабри повторно стратегијата, родствените врски меѓу БПЦ и Охридската архиепископија и во овој тржествен момент да се покријат со завесата на децениски преповторуваните полу-вистини. Полу-вистини слушнавме сите кои присуствувавме на свечената научна сесија во катедралниот храм „Света Софија“. Овие полувистини беа преповторувани во различни варијанти и од сдуховние и од политичките оратори. Не е ли полу-вистина, да цитираш селективно реченици од грамотите на император Василиј Втори Бугароубиец при што ги „пропушташ“ неговите зборови во Грамотата од 1020 г .: „Охридската архиепископија управува со сите бугарски епископства кои кај царевите Петар и Самуил се владееја од тогашните епископи .. . “

Присуството на бугарски архиереи и државници на тржествената научна сесија ќе го засилеше да елементот на коректно однесување кон запишаното во документите на црковната историја. Борбата за востановување на Охридската архиепископија по 1767 година ќе блеснеше со заслепувачка светлина преку словата, говорите и публицистичните текстови на браќата Миладинови, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, на митрополитите Натанаил и Методиј Кусев. Ќе слушневме и поточно цитирање на места од обемниот труд на проф.Иван Снегаров, родум од Охрид, насловен како „Историја на Охридската архиепископија“. Шамарот кој бугарските архиереи и државници сами си го удрија на себе си, претпочитувајќи да се прикриваат страшливо во кабинетите, наместо на висок глас да ја прослават илјадагодишнината на Охридската архиепископија, како нераскинлив дел од сопствената духовна и историска суштина, одекна болно во душите на сите кои со децении копнеат полувистините преповторувани со децени, најпослед да бидат исфрлени и заменети со вистината.

Дали пак намерата на бугарскиот претседател Румен Радев да присуствува на прославата во Охрид на 27 и 28 мај 2018 година не била подложена на притисок, два дена пред тоа, при неговата посета на Москва! Колку и хипотетички, оваа претпоставка не упатува кон геополитичкиот триаголник Москва-Атина-Белград, кој го исклучува приближувањето меѓу Софија и Скопје. Зделките за гас и нафта се исто така дел од геополитиката. Геополитика не се интересира за справедливост, вистина и морал. Ваша Светост патријарх Неофит, Господине претседател Радев, тешката битка за зближување со братска Македонија продолжува, но зошто не принудувате да ја водиме без вас !!?

–––––––––––––

Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на магазинот „Бугарија-Македонија“ и директор на издавачката куќа „Св. Климент Охридски“. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специјално за БГНЕС

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO