Париз Сен Жермен ќе се обиде да ја привлече ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, соопштува АС. Францускиот клуб има намера да состави атомско напаѓачко трио Роналдо-Нејмар-Мбапе и е подготвен да му предложи на Португалецот годишна плата во износ од 45 милиони евра.

ПСЖ стравува единствено дека привлекувањето на португалецот може да ја олесни задачата на Реал да го привлече Нејмар. Друга пречка е впишаното обезштетување во договорот на Роналдо во вредност од 1 милијарда евра. Парижаните се подготвени да не бројат повеќе од 150 милиони за 33-годишниот напаѓач. Во сезоната 2017/2018, тој постигна 26 гола на 27 натпревари од Шпанскиот шампионат. По победата над Ливерпул, Роналдо објави дека ќе ги соопшти своите планови за иднината во рок од една недела.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO