Преговорите и дебатата се две сосема различни дисциплини. Политичарите и дипломатите првенствено се ангажирани со преговори. Според зборовите на големиот англиски дипломат сер Џорџ Рендл: „Златно правило во дипломатијата е да дознаете што точно луѓето со кои преговарате сакаат да постигнат и потоа да процените каков е максимумот од нивните барања, кои што можете да им ги предложите. Пред сè, треба да оцртате некоја заедничка цел. “

Разговорите за името меѓу Македонија и Грција се преговори во класичната смисла на зборот. Грција е сосема свесна за тоа што сака македонската страна. Да продолжи да се нарекува со тоа име и Грција да не да го блокира нејзиното членство во НАТО и во Европската унија.

Ципрас знае дека не може да им забрани на своите соседи да го употребуваат името Македонија и да се нарекуваат себеси Македонци.

„Ние сме во преговори кои се деликатни и критични. Преземени се чекори напред. Продолжуваме да ја заштититуваме националната позиција и еве јас сум веќе во Солун, во Македонија „- изјави грчкиот премиер Ципрас по средбата со градоначалникот на градот. „Ние сме тука да се обидеме да си вратиме нешто, а не да дадеме нешто. Да земеме нешто, кое што е дадено пред 70 години други, а не од нас. “ Потоа истакна дека Република Македонија е реалност. Уште во рамките на Југославија, а и по распадот на федерацијата, таа го користи името Македонија „без никаква друга одредница“.

Грчкиот премиер беше категоричен дека „(Република) Македонија нема ништо заедничко со Александар Велики и со тој историски процес. Тие имаат словенски и албански корени и го признаваат. Кое што означува дека ако добиеме одредница пред името Македонија, тоа ќе биде голема победа, и уште поголема ќе биде ако се договориме дека едно е нашата Македонија, која доаѓа од долгата традиција на грчкиот антички свет, а друго е нивната традиција и нивниот културен знак „.

И сепак тој истакна и една заедничка цел – двете страни да суштествуваат заедно, да си соработуваат и да живеат во мир во полза на целиот регион.

Објективно, Ципрас призна дека името Македонија долго време се користело за два различни феномени. Од политичарите зависи како ќе се нарекуваат едниот и другиот. Грција ги има своите аргументи. Одамна напишав дека ако не беше антиквизацијата, која се обиде да ги сврзе двата феномена, аргументите на македонската страна ќе беа многу посилни.

Всушност, Грците се откажуваат од името „Македонија“ многу порано. Во целиот период од Балканските војни, до 80-тите години на 20 век, во Грција е забрането користењето на името „Македонија“! Од Балканските војни до крајот на Втората светска војна името „Македонија“ се користи легално само и единствено во Бугарија, бидејќи под поимот „Македонци“ се разбирал „дел од бугарскиот народ“. (По Втората светска војна, по волјата на победниците, претежно на СССР, под поимот „Македонци“ требало да се разбира „еден од југословенските народи“).

Грците знаат и нешто друго. Дека етничката и јазичната граница меѓу „хеленската“ и „словенската“ Македонија не минувала на сегашната граница меѓу Македонија и Грција, а многу по на југ. Се разбира, Халкидики и северен Олимп секогаш биле населени главно од Грци, но во областите Воден, Лерин, Кукуш и Костур тоа не било така. Во 20-тиот век биле извршени етнички чистења, присилна асимилација и заселување на грчки бегалци од Мала Азија. Оваа историја е исто толку неоспорна како и фактот дека античките Македонци ја распостранувале хеленската култура низ целиот Блиски Исток.

Во преговорите, македонската страна би можела да тврди дека Грција сама се откажала од употребата на терминот „Македонија“ и дека ако сакаат „да си го вратат“, треба да користат некоја одредница за нивната „Македонија“. Или најмалку и двете земји да користат некои одредници.

За жал, во преговорите, објективните аргументи обично немаат особено значение. Многу поважно е кој преговара од позиција на силата и кој од позиција на слабост. Но, дури и најсилниот, ако не може да го уништи својот противник, обично е заинтересиран за постигнување на договор, кој изискува отстапки. Од друга страна, колку и да се вослаба позиција, државите ретко прифаќаат да извршат самоубиство. Ако притисокот е многу силен, може да се појави замрзнат конфликт, и по некое време соодносот на силите може да се промени.

Ципрас знае дека колку подолго Македонија се нарекува така (и е нарекувана со тоа име од поголемиот дел од светот), толку потешко ќе ја натера да направи компромис. Тој исто така, знае дека и откако Македонија се откажа од „антиката“, ЕУ и НАТО ќе се залагаат за решавање на спорот, а Грција има потреба од нивната поддршка во други сфери. Македониjа, од своја страна, знае дека ако не стане членка на НАТО и во подалечна перпектива на ЕУ, државата може да се распадне или, а во најдобар случај, да го забави својот развој. Од мајсторството на двете преговарачки страни зависи дали ќе најдат заедничка точка, така што и двете да го заштитат својот интерес. Доколку се постигне договор, тоа ќе создаде нова политичка реалност, па дури и ако таа подоцна биде анулирана, таа ќе остане во век и веков дел од историјата.

Толку за преговорите.

Во односите меѓу Бугарија и Македонија преговорите се завршени. Постигнат беше договор, според кој двете страни се обврзуваат да ја прифатат историјта каква што била. Затоа беше свикана двострана историска комисија. Нејзината задача не е да преговара. Таа треба да дебатира. Како што веќе рековме, дебатата е сосема друга научна дисциплина.

Кога се води научна дебата, нема „силни“ и „слаби“ страни. Компромисите се некомпатибилни со правилата на дебатата. Кога постои вистинска дебата, двете страни предлагаат различни теории за да го објаснат она што го набљудуваме, а „победникот“ е оноj чиjа теорија подобро ги објаснува податоците.

Не еднаш се случувало лажни теории да ја уживаат поддршката на речиси целиот историски еснаф, а маргинални до вчера теории да стануваат доминантни утре.

Теоријата на Птоломеј дека сонцето и планетите кружат околу земјата, по некакви траектории со епицикли била доминантна во европската научна мисла. Планетите видливо не кружат, отклонувајќи се ту напред, ту назад. Коперник предлага поедноставно објаснување – дека планетите, вклучувајќи ја и земјата, се вртат околу сонцето. Тоа ги објаснува нивните видливи траектории. Според Коперник, „во ниту еден друг поредок нема да најдеме една таква сигурна хармонична врска помеѓу големината на орбитата и нејзиниот период“.

Клучен предуслов за научната дебата е и двете страни да прифатат дека може и да грешат и да изразат подготвеност да ја прифатат теоријата на своите опоненти, додека ако таа е поубедлива. Тоа не секогаш е лесно остварливо. Во Македонија се слушнаа гласови дека ако Бугарите тврдат она што најави шефот на нивната делегација во комисијата, дебатата треба да се прекине! Овие луѓе не ја гледаат работата на заедничката комисиjа како дебата, туку како преговори!

Пред теоријата на Коперник да биде прифатена, многу нејзини храбри приврзаници биле прогонувани, па дури и изгорени! Научните спорови не ретко водат и до промена во политичката реалност, но кога политичките аргументи ги мотивираат учесниците во научната дебата таа дегенерира во некомпатибилни монолози.

За да се спроведе дебата, бугарските и македонските претставници во Историската комисија треба да пристапат со подготвеност да ги променат своите убедувања, ако другата страна предложи итерпретација која демонстрира по „сигурно и хармонично“ објаснување на историските податоци.

Нема ли таква подготвеност, не биде ли применет пристапот: „Ајде да размислиме дали другата страна не е во право“, резултатот од сите заседанија ќе биде само едно надприкажување што нема да донесе до никакви резултати.

Наместо да влегуваат во „ситни“ спорови околу тоа колку партизани имало во Македонија и колку биле доброволците од Македонија во бугарската војска во Првата светска војна, комисијата треба да се постигне согласност за основните дебата.

Според едната „теорија“ – неправилно нарекувана „бугарската“ (како што се прифаќа и од многу Македонци, како и од поголемиот дел од светската научна заедница) – најмалку 1000 години мнозинството од населението на земјите на денешните Бугарија и Македонија припаѓало  на една „словенска“ христијанска култура, која била определувана од нејзините членови, а и од странците како „бугарска“. Меѓу денешните Македониjа и Бугариjа немало етничка или јазична граница. Отцепувањето на Македонија од бугарската целина (прво физичко, а подоцна и духовно) станало под надворешен притисок, што резултирало со расцепување на заедници и семејства …

Според другата теорија, Македонците секогаш биле посебна етничка и јазична заедница, која Бугарите се обиделе да ја окупираат, да ја асимилираат, но Македонците давале отпор и го задржале својот посебен идентитет и јазик.

Или едната теорија е вистинита, или другата. Никакви компромиси несе можни.

Без оглед на тоа на што ќе опстојуваат едната или другата страна, тоа нема да ја промени историјата. Доколку учесниците ја прифатат вистинската теорија, споровите наскоро ќе секнат. Или, во најмала рака, тие ќе бидат маргинализирани. (И денес има луѓе кои тврдат дека земјата е рамна, но тоа не го загрозува научниот консензус).

Ако сепак, со политички средства биде наметната невистинитата теорија, споровите неизбежно ќе продолжат, бидејќи политичко решение донесено денес, не може да го промени карактерот на царството на Самоил, или на Бугарските народни песни на Миладиновци итн. Тие ќе си останат такви, какви што си биле.

Политичарите во двете земји постигнаа договор да ја прифатат историјата таква каква што била. За да стане тоа реалност, мнозинството од приврзаниците на која и да е од двете теории треба искрено да си кажат: „Дали пак другата страна не е во право?“

Тоа, се разбира, нема да биде лесно. Науката се гради на принципот „Сомневај се во сè“. Идентитетот бара безусловна верност. За многу Македонци прифаќањето на „бугарската“ теорија значи откажување од македонскиот идентитет. Ако е така, сомнежот во догмата станува предавство!

Во сознанието на членовите на комисијата како Литовски и двајцата Ѓоргиеви, а и на повеќето Македонци кои ја следат нивната работа, внатрешниот судир меѓу непристрасен научник и достоен Македонец станува неизбежен. Никој не сака да биде обвинет од своите за предавство. Додека тоа е така, преговорите нема да прераснат во дебата.

Тоа кое што бугарските политичари треба да го направат е да ги убедат Македонците дека прифаќањето на историјата каква била односно на „бугарската“ теорија не е закана за нивниот современ македонски идентитет, кој кон денешен ден е безусловна реалност. Само што тоа е тешко да се објасни и на многу од денешните Бугари, според кои во Македонија имало осознаени и „неосознаени“ Бугари. Од кое што следува дека неосознаените треба да се осознаат и да станат такви какви што се Бугарите денес. Тоа повеќето Македонци нема да сакаат да го направат и сакале, или не сакале ќе продолжат да поддржуваат фантастични теории, кои содржат многу необјаснивли „епицикли“ …

Стратешкото сојузништво меѓу Бугарија и Македонија е императив и за двете страни. Улогата на политичарите е да ги убедат своите народи дека треба да се излезе од процесот на преговори и да се премине кон искрена дебата!

–––––––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO