
Кога премиерот на Бугарија ја објави својата идеја за рестартирање на проектот ʺБеленеʺ, се сетив на пиесата на Стефан Костов „Од многу ум“. Дејствието се развива за време на Отоманската империја. Една чорбаџија му кажува на турскиот бег дека Бугарите подготвуваат бунт, за да создадат свое сопствено царство. Бегот не изгледал особено загрижен. Според него, тие немале акал да управуваат држава. Во тој момент заптијата довел двајца селани. Едниот ги обвинувал другиот, дека му украл еден врзоп кромид од бавчата. Обвинетиот признава. Бегот му пресудува на виновникот, или да плати 100 гроша, или да му бидат удрени 20 стапови, или … да го изеде кромидот. Осудениот започнува да јаде. Солзи му течат од очите, се мачи, но е упорен. Сепак, откако изел неколку глави кромид, не издржува и го менува својот избор. Предлага да го бијат. По 17-тата тојага, очајно ги замолил заптијата да сопрат. Спременбил да ги плати 100-те гроша….
Е Чорбаџи, прашал бегот – дали овие луѓе имаат акал да управуваат држава?
За пиесата се сетив и по предавничкото решение на Светиот Синод, кое го отфрли храбриот предлог на Македонската црква БПЦ да стане нејзина Црква-мајка. Не само што нашите владиците не прифатија да живееме во братска љубов со нашите браќа во Македонија, но сакаат да не внесат во нови апсурдни спорови и интриги. БПЦ, а не МПЦ ОА била наследничка на Охридската архиепископија.. Само што кога Српската црква, која ги завладеала нанасилен и нечесен начин македонските епархии по Првата светска војна пред неколку години објави некаква измислена „Охридска архиепископија“ на Јован Вранишковски, никој во Софија не протестира!
Од многу ум не можеме да го разбереме огромниот успех што го постигнавме во нашите односи со Македонија. Потпишавме договор кој ја признава „заедничката историја која ги поврзува двете земји и нивните народи“. Што повеќе?
Бугарија се докажа и како катализатор за решавање на спорот меѓу Скопје и Атина. Откако се врати од Софија, каде што се беше сретнал со својот грчки колега, македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека името Република Илинденска Македонија е можен компромис со Грција. Заев направи историска изјава што треба внимателно да биде анализирана. Важно беше не само тоа што тој го кажа, но и тоа што не го кажа.
Македонскиот премиер го определи Илинденското востание – „Првиот Илинден“, не како востание на непостоечкиот тогаш „македонски народ“, а како „симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, без разлика на народност, вера, пол и убедувања“. Ниту еден македонски премиер не стигна до тука. Но, Заев направи уште еден чекор. Тој призна дека дури на „Вториот Илинден“, во 1944 година, е вовоеден македонскиот јазик како официјален. Тој индиректно го призна очигледното. Дека за време на „Првиот Илинден“, во 1903 година, Крушевската република не си поставувала за цел утврдување на македонски јазик. Сите нејзини документи биле напишани на бугарски јазик.Тогаш не воопшто не станувало збор за „етнички“ Македонци. На индиректен начин Заев се дистанцираше од фалсификатот со т.н. Крушевски манифест, кој всушност билнапишан две децении подоцна. Лесно е за некои бугарски „патриоти“ да го осудуваат формирањето на Југословенската Република Македонија како предавство против Бугарите. Но, кои биле опциите во 1944 година? Ниту присоединувањето на Македонија со Бугарија, ниту автономна Македонија која да ја признава бугарштината биле возможни. Алтернативите биле автономна Македонија во рамките на Југославија, која се одрекла од бугарштината, но под маската на македонски јазик успева да ги задржи повеќето свои традиционални бугарски карактеристики, или враќање на Вардарскот крај кон Србија. Историјата за преродбениците, на Илинденското востание и така натаму беше жестоко фалсификувана, но запамтена. Во алтернативниот развој на настаните денес, повеќето Македонци можеше и да не се сеќаваат кој се Гоце и Даме! Колку и да веруваат луѓето во некој фалсификат, колку и страсно одраснатите со лагата да се обидуваат да ја отфрлаат вистината, сепак секогаш се наоѓаат смели умови кои ја отстојуваат и дебатата продолжува додека вистината не возторжествува. Но, ако некое историско собитие е избришано од колективната меморија, историската вистина ретко пораѓа емоции.
Повеќето Македонци денес јаростно ќе тврдат дека Илинденското востание било на „македонскиот народ“, но историските податоци се нешто тврдоглаво. Тие несомнено покажуваат дека во основата на востанието стоеле македонските Бугари. Не друг а Крсте Мисирков – првиот сериозен идеолог на изведувањето на Македонците од бугарската етно-национално ткиво – по негово признание, поради неможноста да се оствари „Макеоднија со бугарска боја“ –го признава бугарскиот карактер на Илинденското востание. Во исто време, малку Македонци ќе го оспорат бугарскиот карактер на родените во Македонија генерали за време на Првата светска војна. Ќе ги препознаат како бугарски, но нема да си помислат, дека тоа ја обврзува обврзува Македонија со Бугарија. Тие не си спомнуваат за нив и не се идентификуваат со нив. Но кога ќе разберат што правеле сите живи учесници во Илинденското востание за време на војните, многумина ќе започнат да си поставуваат „опасни“ прашања.
И денес српски националисти, како министерот за надворешни работи Дачиќ не го кријат своето жалење дека наместо да ја оглавува“Југославија“ Србија не ја анексирала Македонија, Босна и други земји, кога имала можност да го направи. И најзакоравниот бугарски националист треба да признае дека без „Вториот Илинден“, без кодифицирање на македонскиот јазик (на база на дијалекти, кои што тие што ги говореле со векови ги определували како бугарски), извлекувањто на Македонија од српскиот сувереност била невозможна мисија! Денес, секој кој што бил во Македонија забележува дека во кафулијата предимствено се слуша српска музика. Без македонски јазик, денес во Скопје и Охрид најверојатно ќе зборуваше на (можеби би расипан) српски – како во Пирот и Врање.
Како и да погледнеме, Република Илинденска Македонија ја обврзува новата држава со бугарските корени. Не обврзува и „Третиот Илинден“ – како Заев го нарекува утврдувањето на независна Република Македонија во 1991-92 година, што повторно се оствари со помош на Бугарија. Ќе ни обврзува и „Четвртиот Илинден“ – евентуалниот компромис околу тоа име постигнат не на друго место, а во Софија.
Не е изненадување што грчката опозиција се чини дека не е склона даприфати компромис. Не затоа што во содржината на името „Република Илинденска Македонија“ се содржи некаков иридентистички елемент – како што беше официјално изјавено, а или затоа што не сакаат Македонија да се приклучи кон НАТО и така да излезе конечно од српската орбита, и / или затоа што тоа име ги обврзува Македонија и Бугарија .
Само што притисокот од страна на демократскиот свет врз Ципрас ќе биде огромен и ако покрај гестот на Скопје тој го спречи влезот на Македонија во НАТО, последиците за Грција може да се покажат како значајни.
Ако сепак реакцијата на грчката опозиција беше очекувана, тогаш некои реакции во Македонија и во Бугарија се покажаа достојни за перото на Стефан Костов.
Бившиот портпарол на опозициската ВМРО ДПМНЕ Александар Бичиклиски во својот профил на Фејсбук го критикуваше предлогот со зборовите:
„Шемата е јасна. Со Бугарите нели треба заедно да славиме Илинден и полека илинденската држава ќе стане дел од бугарската држава, бидејќи нели заедничка историја, еден народ, една држава …. “
Апсурдот е очигледен. Партијата која се објавува за наследник на ВМРО да ги одрекува како бугарските корени, така и идентификацијата со Илинден!
Човек ќе помисли дека во Бугарија сите тржествуваат кога предлогот за „Илинденска“ Македонија беше официјално објавено.
Да, ама не!
Замастените бугарски умови се изредија да повторуваат дека името „Илиндеска“ Македонија не зборувало за заедничка историја, а за „кражба на историјата“.
Како што веќе кажав, историјата не може да биде украдена. Тоа може да биде фалсификувана, но во векот на интернет, фалсификатите излегуваат на виделина!
Нема да им биде лесно на денешните Македонци да го прифатат бугарскиот идентитет на своите предци од пред неколку генерации, бидејќи тоа е спротивно на сè што слушале од своите родители и учители во текот на целиот свој живот!
Усилијата на Зоран Заев за изградба на една нов, модерен, инклузивен македонски идентитет на никаков начин не ги загрозуваат бугарските национални интереси. За да се надминат последиците од неколкудецениските фалсификати, потребен ни е еден долг процес на соработка, слободна дебата и најмногу меѓусебно почитување.
За да излеземе од ќорсокакот во кој сме попаднале, ни треба многу трпение и малку акал!
Да се надеваме дека ќе го доживееме времето кога пиесите на Стефан Костов ќе престанат да бидат актуелни.
–––––––––––––
Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
