Скопје и Атина се враќаат на масата на преговорите за името на Македонија со разгледување на петте предлози направени од Метју Нимиц. Причината е одбивањето на Грција да го прифати името „Илинденска Македонија“. Според Мирослав Ризински идејата за тоа име, што не беше меѓу предлозите на Нимиц, доаѓа од Зоран Заев.

Мирослав Рижински – Заменик претседател на Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС):

„На некој начин граѓаните на Македонија се поврзани со Илинден и претпоставувам дека сметал дека некако ќе помине, бидејќи Грција инсистира и за уставни измени, односно самото име да се користи за надворешна и за внатрешна употреба, така што другите имиња – Нова, Горна Македонија, на некој начин го засегнуваат идентитетот на граѓаните и на тој начин претпоставувам дека тој верува дека многу потешко ќе помине сличен тип на предлог „.

Ризински истакна дека е во интерес на Македонија земјата да се договори со Грција за ново име до крајот на јуни, какви што се оптимистичките прогнози.

Мирослав Рижински – Заменик претседател на Бугарскиот културен клуб во Скопје:

„На овој начин, како што сега се водат преговорите, имајќи во предвид дека долго време Македонија беше во изолација, благодарение на политиките на Никола Груевски, Македонија нема многу време за било какви дипломатски потези или маневри и е ставена во една многу непријатна ситуација, т.е. да биде или не. Според мене е многу важно Македонија сега да го реши овој казус, по каков и да било начин, за да стане дел од НАТО“.

Во јануари посредникот на ОН Метју Нимиц предложи пет варијанти за ново име на Македонија: Република Нова Македонија; Република Северна Македонија, Република Горна Македонија; Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје).

Целото интервју на Мирослав Ризински за ТВ Европа може да го проследите тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO