Гитара на Боб Дилан беше продадена во Њујорк за 495 000 долари на аукција, посветена на „музичките икони“. Гитарата е Fender Telecaster од 1965 и му припаѓала на гитаристот на Боб Дилан Роберт Робертсон. Таа е користена од Боб Дилан, како и од Ерик Клептон и Џорџ Харисон, според аукциската куќа која ја организираше аукцијата. Првичната проценка на вредноста беше помеѓу 400.000 и 600.000 долари. Овоj инструмент е забележителен и со тоа што го одбележува преодот на Дилан од фолк изведувач на аукција кон песни како „Like a Rolling Stone“.

Меѓу другите познати гитари продадени на аукцијата, фигурираат првата електрична гитара на Џорџ Харисон – Hofner Club 40, која беше продадена на 430 000 долари, Fender Telecaster од розово дрвo, изработена за Елвис Присли во 1968 година, која си најде купувач за 115 200 долари. Интересот на колекционерите кон предмети кои припаѓале на „кралот“ останува голем дури и 40 години по неговата смрт. Појас на Елвис со голема и тешка тока кој тој го носел на концерт во Хаваи во 1972 година беше продаден за 354 000 долари. Дијамантски прстен во форма на ѕвезда која Елвис jа дава за време на еден концерт во 1975. на негова обожавателка, продаден е за 100.000 долари.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO