Бугарскиот епископ Тиверополски Тихон од БПЦ присуствува на осветувањето на обновениот храм „Св. Никола“ во селото Стар Истевник, Делчево.

Епископот Тихон, кој е по потекло од тоа село, бил гостин на владиката Иларион, кој заедно со духовници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво отслужи Света Архиерејска Литургија.

Тоа се случи само неколку дена пред МПЦ-ОА да ја прослави 1000 години од основањето на Охридската архиепископија. Оваа година, исто така, се навршуваат и 60 години од обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.

За време на службата, епископ Тихон од БПЦ, стоел на владичкиот трон и молитвено присуствувал на службата.

Во беседата, Митрополитот Иларион братски му заблагодарил на Епископот Тихон за неговото присуство.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO