Железничка линија меѓу Македонија и Бугарија да биде готова до 2023 година наместо порано објавената 2025 година, очекуваат генералниот директор на јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“ Ирфан Асани и генералниот директор на ДП Национална компанија ʺЖелезничка инфраструктура“ Красимир Папукчијски .

На средбата во Скопје, Асани и Папукчијски рекоа дека е приоритет изградбата на железничкиот дел од Коридорот № 8 на кој, според направените анкети, на ден треба да патуваат 10 парови товарни возови на линијата Скопје-Софија.

„Веќе почнавме разгледување на опциите за проектантска фирма и благодарение на разбирањето меѓу двете држави, вклучувајќи и на нас како колеги, бараме начини да се најде варијанта до 2023 година да имаме железничка линија со изградбата на тунелот на Деве Баир. И двајцата си поставивме цел во 2023 година да се поздравиме на влезот на тунелот, да ја прославиме веќе изградената линија и да го пуштиме првиот воз Скопје-Софија „, рече Папкучијски.

Македонскиот дел од железничката линија опфаќа изградба на три делници, Куманово-Бељаковци (31 км), единствената на која се започнати градежни активности, Бељаковци-Крива Паланка (32 км) и Крива Паланка-Деве Баир (23 км), а поврзувањето треба да биде со изградбата на тунел од 2 400 метри на граничниот пункт Деве Баир.

Досега се обезбедени 60 милиони евра.

„Првата фаза од Куманово до Бељаковци се гради, за втората фаза од Бељаковци до Крива Паланка сме пред распишување на тендер за изградба, а за третата делница се предвидени 60 милиони евра, кои ќе бидат на располагање многу брзо, а државата веќе преговара за осигурување на остатокот од парите „, објасни Асани.

„Веќе имаме осум километри нова линија од Куманово до Бељаковци кој е пуштен во употреба и по неа се превезуваат суровини“, посочи тој.

За вториот сегмент, договорот за изградба се очекува да биде потпишан до крајот на годината, а изградбата ќе започне до пролетта следната година.

Вкупната финансика изфрадба на железничката пруга кон Бугарија, проект започнат пред 25 години, се проценува меѓу 600 и 700 милиони евра.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO