САД официјално се спротивставија на планот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај за трансформација на Косовските безбедносни сили (ФСK) во Aрмија на Косово.

Од амбасадата на Вашингтон соопштиле пред весникот „Коха диторе“ дека трансформацијата не може да се направи преку законски измени, туку само преку уставни промени. Реакцијата на САД дојде откако владата во Приштина ги објави своите намери да создаде вооружени сили. Потребно е двотретинско мнозинство во парламентот за да се стигне до промена во уставот. Во националното собрание српските пратеници категорично се спротивставуваат.

Планот на Харадинај предвидува трансформацијата да се одвива во период од 10 години.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO