Македонската влада ниту ги потврди, ниту ги негираше информациите за новиот предлог за решавање на спорот за името.

Неколку локални медиуми ноќеска соопштија дека властите во Скопје доставиле нов предлог до Атина за решавање на проблемот со името – Република Илинденска Македонија. „Премиерот Зоран Заев соопшти дека во последната фаза од преговорите од македонска страна се упатени неколку предлози. Едно од нив е прифатливо за двете страни“, соопштија од кабинетот на премиерот за државната агенција МИА.

„Владата нема да ја коментира темата, бидејќи за време на преговорите прво ќе биде информиран претседателот на земјата Ѓорге Иванов, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и другите политички лидери во републиката, што ќе се случи во најскоро време“, додаваат уште од кабинетот на Зоран Заев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO