Задачата на премиерите на Грција и Македонија Алексис Ципрас и Зоран Заев е да ги убедат своите опоненти за решавањето на спорот за името на Македонија. Тоа го кажа Мирослав Ризински заменик претседателот на Бугарски културен клуб – Скопје, во предавањето „Светот е бизнис“ на ʺBloomberg TV Bulgariaʺ со водечкиот новинар Николај Крстев.

Гостинот ја изрази својата надеж двајцата премиери „ќе успеат да најдат консензус во сопствените земји, претежно од страна на опозицијата, кои, како што знаеме досега се испраќале не толку надежни пораки“.

Спорот за името со Грција е единствениот проблем за присоединување на Македонија во НАТО.

„Македонија, навистина во овој момент нема многу политички можности и маневри и треба да го реши овој казус, затоа што гледаме дека подолго време се наоѓа во ќор-сокак, и покрај фактот што од 2008 година самата поканата за влегување на Република Македонија во НАТО е веќе е отворена. Единствениот проблем за членството во НАТО е спорот за името. Тоа е исто така клучна пречка за отпочнување на преговорите со ЕУ. “

Тој, исто така, потсети за восоката оценка дадена од страна на Европската комисија:

„Во последниот извештај на ЕК за Македонија постојат точки кои велат дека Македонија во некои од реформите и имплементацијата на законодавството на ЕУ е далеку понапред дури и од Србија и Црна Гора. Така што, мислам дека придобивките што ќе ги добие Македонија со решавање на овој казус се многукратно поголеми од заклучоците што опозицијата ги користи за да го критикува можниот договор со Грција „.

Целиот коментар може да го видите на видеото.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO