Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, изјави дека каталонскиот клуб ќе направи огромна грешка ако не го продолжи договорот со дефанзивниот халф Серхио Бускетс.

„Барса ќе направи колосална грешка ако му дозволи на Бускетс да си замине, но јас не мислам дека тоа ќе се случи, бидејќи тој е многу важен за тимот и може да се одржи уште многу години на највисоко ниво, изјави Иниеста. 29-годишниот Бускетс е од младинската школа на Барселона и има скоро 500 натпревари за првиот тим на сите турнири. За националниот тим на Шпанија има одиграно 102 натпревари. Тој неодамна побара подобри финансиски услови за да го продолжи договорот, што е до летото 2021 година. Кандидати за Баскетс се Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO