Врховниот суд на Грција категорично го отфрли барањето на македонското Министерството за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски.

И двајцата остануваат во Грција и ќе бидат ослободени од затвор во меѓувреме, соопшти МИА.

Поранешните шефови на МВР се обвинети по делата „Таргет“ и „Тврдина“, кои се однесуваат за незаконско прислушување и уништување на опремата, со што е извршено нелегалното прислушување. Тие илегално ја напуштија Македонија и последователно беа уапсени во Грција при обид да го напуштат аеродромот во Солун и да заминат за Унгарија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO