Oбично кога седам сама со шепотот од книгите испишани  со стари недопрени приказни, во главата ми се редат илјадници неодговорени.

Борис Дрангов во младоста

Она што секогаш го велам е дека секој човек крие храбар борец во себе, а тоа се гледа во пламенот на очите на  мојот херој.прашања за иднината, сегашноста и минатото. Но постои и една моја мисла која секогаш ме навраќа на тоа дека и трите се зависни од  други исто како ние луѓето, кои постоиме благодарение на нечие постоење. Минатото буди спомени….. А за спомените, па за  нив знам дека отвараат многу тешки рани на срцето, особено кога огнениот барут длабоко навлегол во него и не испушта миг без болка и сеќавања исполнети со солзи. Тие солзи се сместени во споменарот на нашата тешка историја, кој земала многу животи а некаде длабокo во неа се испишани судбините на луѓето борци. Подвизите на ваквите храбри  луѓе се испишани насекаде околу нас, а нивните чекори создавале чисти патеки по кои ние денес со сигурност чекориме. Колку  само бил нивниот живот тежок, какви ли мисли им доаѓале на ум за никогаш да не се откажат од своите цели?? Размислувале ли тие борци за времето кое брзо како река, малку по малку им одзeмало се….? Но времето е надеж, а надежта последна умира, па така тие борејќи се денес создавале ново утре, борејќи се за нивните деца, создавале иднина за нас. Затоа овие борци се херои…. И не го велам ова затоа што само се бореле, бидејќи да се биде херој значи да се биде победник, но и да се знае чувството на пораз, да се  биде херој значи и да се биде храбар, доболно за  да се претрпи таа болка и тежина на срцето која како камен притиска во моменти на загуба на близок, и најважно за да се биде херој потребно е да се биде како карпа, цврсто и исправено да се стои и да се дава отпор и кога  се знае дека најблискот  те предал. Колку ли такви приказни поминале?…Само годините тоа го знаат. Но и тие не можат да ги избришат трагите од мастилото, со кои се испишани оние дела по кои засекогаш  ќе ги паметиме нашите херои.

Неговиот живот и секој негов подвиг е пример за храброст. Борис Дрангов родум од  Скопје, син на богат трговец без тронка сомнеж го дал својот живот за Македонија, затоа што како што и самиот вели:

” Нема умирачка подостоинствена за човекот од смртта на бојното поле”.

За Борис смртта била ирелевантна и неизбежна рана која секој борец треба да ја искуси како капка вино сред летна вечера. Потеклото од богато и угледно семејство не создало од него лежерен човек кој  се препушта на носталгичното доаѓање на секоја нова утрина во безсознание “Што понатаму?”. Напротив тоа за него било мотив и поттик за по завршувањето на петтиот клас при егзархиско педагошко училиште во родниот град да продолжи да се школува во Военото училиште во Софија. Поради неговата јасна слика за храбар  и достонствен војник мојот херој набргу потоа бил назначен за помлад офицер во четвртиот ескадон на 2-от коњички полк во Лом.

По извесно време водејќи се од страста за слобода која му била вековен сопатник во животот тој треба да направи избор, наоѓајки се во двоумица како што и самиот вели (меѓу два суштинско исти поими за него). Што да се одбере? Семејството или татковината? Тој прави подвиг на вистински херој и  не оставајќи место за размислување, прави избор со кој што ни кажува  дека ТАТКОВИНАТА е неговото СЕМЕЈСТВО. А токму и тоа е еден од неговите најважни избори во животот кој понатаму ќе го водат низ лавиринтот на војните кои непосредно една по друга ќе доаѓаат како невреме и ќе го опустошат нашиот Балкан. Илинденското востание, балканските војни, Првата светска војна…

Самите ние како народ добро знаеме колкави биле последиците по Балканските немири, најпрвин Првата Балканска војна а неразделна од неа и втората се војните со мигови во кои на секого му е потребна рака од херои како Дрангов. А тој како началник на штабот на 1-та бригада ќе излезе како победник од повеќе воени полиња, а затоа и заслужено и ќе му биде доделен одренот за храброст. Заради критичните статии за воениот министер Иван Фичев и генералот Александар Танев ќе биде даден на суд. Но и по низата заплети кои му доаѓале во животот и покрај тоа што ќе му биде одземено се, Дрангов нема да потпадне на тешките искушенија пред кои ќе биде ставен.

Споменикот поставен во чест на паднатите јунаци од 5 от. Македонски полк

Исправено повторно како карпа ќе се издигне и ќе продолжи со својата смелост. Дрангов како доброволен член на македонско-одринските чети и единаесеттата  пешадиска македонска дивизија ќе биде од голема корист за победите во корист на Балканот. Па така гледајќи низ историјата на мојот херој значајно дело е и неговото  поставување на  споменикот-фонтана во чест на неговите пријатели, војници и офицери. Освен ова тој искористувајќи го авторитетот од неговите лични достигнувања како и својата чистосрдечност  во текот на Првата светска војна станува и  началник на бугарската школа за млади војници. Откако поголем дел од војниците завршиле со школувањето храбриот борец ја превзема командата на 9-от пешадиски пловдиски полк од 2-та пешадиска дивизија и продолжува да се бори на јужниот фронт. А и токму така борејќи се, борејќи се  за живот  неговиот живот ќе згасне исто како животот на илјадници други, згаснува како свеќа која не осветлувала и ни помагала да го видиме патот пред нас, згаснува животот на мојот херој. Веќе СЕ е сторено, зар не?  Но што ни останува на нас? На нас останува сеќавањето и спомените кои ни ги оставил за да е потсетуваат на храброста, на нашето минато  и секако на  тоа дека вистинските херои вечно живеат во спомените.

Споменик во чест на Борис Дрангов

––––––––––––-

Награден есеј на ученик од Струмица на конкурсот на фондацијата ʺБугарска паметʺ на тема ʺ11-та Македонска дивизијаʺ . Наградата беше доделена на 6-ти мај, 2017 година на заедничкото чествување на бугарскиот воен меморијал во Ново Село, Струмичко.

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO