„Кембриџ Аналитика“ ( „Cambridge Analytica“), британската фирма за маркетинг анализа, објави банкрот во Њујорк, соопштија американските медиуми.

Компанијата објави во почетокот на мај дека ќе ја прекине својата дејност и ќе поднесе документи за несолвентност во Велика Британија и САД, откако не успеа да се опорави од Фејсбук скандалот со податоци.

Документите објавени од АФП, посочуваат проценети активи на компанијата во опсег од 100 000 и 500 000 долари, наспроти обврските помеѓу 1 и 10 милиони долари.

Компанијата се најде во центарот на скандал за мешање во претседателските избори во САД во поддршка на кампањата на Доналд Трамп. Следствено на тоа, таа рече дека бизнисот и е уништен од страна на „бројните неосновани обвинувања“, што пак од своја страна ја направило „животно-неспособна“.

„Њујорк тајмс“ откри дека „Кембриџ Аналитика“ собрала податоците на 50 милиони корисници на Фејсбук и развила алгоритам за политичка анализа на нивните претпочитувања како гласачи. Тоа го олеснило политичкото рекламирање со цел потенцијално да се влијае врз нивниот глас.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO