Западен Балкан е Европа, но државите треба да ги почитуваат правилата на ЕУ. Ова го изјави Антонио Тајани, претседател на Европскиот парламент, на прес-конференција на Самитот ЕУ-Западен Балкан, пренесе репортер на БГНЕС.

Во секоја земја треба да ја зајакнеме слободата на медиумите. Слободата на медиумите е исклучително важна насекаде. Треба да зборуваме за политички дијалог, но треба и во реални услови да има слобода на медиумите. Не станува збор само за Црна Гора, туку и за Словачка, Малта, истакна Тајани. По  неодамнешниот случај во Словачка со убиството на двајцата истражувачки новинари, важно е да испратиме силна порака до земјите-кандидатки и членки дека слободата на медиумите е една од најважните работи во нашиот дијалог, особено со земјите-кандидати за членство во ЕУ додаде Тајани.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO