Македонија и Грција,  имаат варијанта за разрешување кој може да биде прифатлив за двете држави. Денес со премиерот Ципрас имавме суштинска средба каде што ги потврдивме достигнувањата меѓу министрите за надворешни работи на двете земји. Беше многу важно да ги потврдиме овие успеси. Ние, како премиери, потврдивме дека стоиме зад тоа „, Тоа го изјави македонскиот премиер Зоран Заев, соопштува репортер на БГНЕС.

Сега треба да разговараме со претседателите на двете држави, со лидерите на политичките партии и опозицијата и да ги подготвиме останатите детали. Запрашан дали е можно да се одложи решавањето на спорот, Заев одговори накратко: „Чувај  Боже“.

Се надевам дека можеме да најдеме решение за спорот за името пред јунискиот самит на Европската унија „, рече Заев, кој учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија. „На денешната средба со грчкиот премиер, пријател на Македонија, Алексис Ципрас ние заедно го нагласивме прогресот кој сме го постигнале во процесот за изнаоѓање решение на спорот за името“, истакна Заев.

Двајцата премиери ги разгледаа можните опции за решение што македонската страна го претстави во текот на последниот круг преговори. „Го констатиравме тоа што е постигнато. Разгледавме повеќе варијанти и прифативме варијанта која е взаемно прифатлива за двете страни“, изјави македонскиот премиер и додаде дека оваа варијнта сега треба да се разгледа од институциите во двете држави.

„Од денес, пријателството меѓу Република Македонија и Грција е посилно. Ние ќе го решиме спорот во интерес на граѓаните на нашите две земји „, рече Заев.

Тој соопшти дека разговарал прашањето и со претседателот на Франција Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел. „Тие го признаа лидерството што Македонија го демонстрира и ветија помош за зајакнување на врските меѓу нас и ЕУ“, рече македонскиот премиер.

Поддршката беше ветена и од премиерите на Холандија, Шведска и Естонија, со кои Заев денес разговараше.

„Нивното порака содржеше потврда за нашите перспективи … За Македонија членството во семејството на ЕУ значи економски раст, поврзување и еднакви можности за младите луѓе во Македонија еднакво со нивните врсници во ЕУ“, рече уште македонскиот премиер

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO