17 мај е ден на врвно достигнување за бугарската дипломатија. Ја немам во предвид само денешната средба на врвот „Европска Унија-Западен Балкан“, чие значење допрва ќе се оценува, а заборавениот 17 мај (по стар стил) 1913 година, кога Бугарија по ослободувањето ја достигнува врвната точка својот развој. Во дворецот „Сент Џејмс“ во Лондон е склучен мир кој става крај на Балканската војна

Тој е потпишан не само од претставници на завојуваните страни – Отоманската империја, Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора, но и од претставници на големите сили. Според договорот Отоманската империја им ги отстапува на сојузниците сите завладувања  на запад од линијата Енос (на Егејското Море) – Мидија (на Црно Море), без Албанија. Отоманската империја се откажува од својот суверенитет над островот Крит, кој одамна е контролиран од Грција, а статусот на егејските острови и полуостровот Атос окупирани од Грција во војната, е преотстапен на европските сили.

Бугарија ја контролира целата територија меѓу Црното Море, линијата „Енос – Мидија“, Егејското Море и реката Вардар (без полуостров Халкидики). Солун е контролиран од Грците, иако во градот е лоциран мал бугарски гарнизон.

Создавањето на нова држава – Албанија – иако таа да опфаќа не повеќе од 60 – 70% од албанското население, ги осуетило плановите на Србија да излезе на Јадранското Море. Ова е една од причините таа да одбие да го испочитува договорот со Бугарија од 1912 година и одбива да се повлече не само од т.н. „Спорна зона“ (која ги опфаќај градовите Скопје, Тетово, Гостивар и Струга), но и од прифарената за „неоспорна“ (бугарска) зона во Македонија која се протега помеѓу Вардар и Охридското Езеро. Со договор, судбината на „Спорната зона“ требало да биде решена од рускиот цар. Бугарија влегува во Балканскиот сојуз длабоко убедена дека тој стои зад неа. Излегува дека е горчлива заблуда.

За да ги разберем во во длабочина процесите кои се случуваат и за да си извлечеме заклучоци за денешниот ден, треба да се вратиме 35 години порано. Во 1878 година британскиот премиер Дизраели, во говорот пред парламентот изјавува дека е силно вознемирен од создавање на автономна Бугарска држава која се протега од Црното до Бело Море, и која веројатно ќе биде руски сателит.

Заедно со Австро-Унгарија Британија настојува за свикување меѓународна конференција, која на крајот се одржува во Берлин и го раскинува земјиштето на Бугарската егзархија – и покрај тоа што нејзините граници од неодамна се отцртани по серија од референдуми. Причината е очигледна. Западните сили се обидуваат да го ограничат влијанието на Русија. Уште тогаш меѓутоа Бугарите требало да имаат во предвид дека Русија не само што не може да отстои на бугарскиот национален идеал, но е ненадежен сојузник. Токму Русите не дозволуваат во Берлин ниту еден бугарски претставник, иако сите народи од регионот, дури Ерменците да се претставени.

Во наредните години се случува нешто неочекувано. Во книгата „Дипломатијата“ Хенри Кисинџер пишува: „Бугарската криза од 1885 година дава нов поттик на сите овие импулси. Нов револуционерен чин доведува до една зголемена Бугарија (…) од која Велика Британија и Австрија се плашеле. Во нагледна демонстрација за тоа како историјата може да побие и најтврдо поддржани очекувања, нова Бугарија, сосема не е контролирана од Русија, а обединета под раководство на кнез од германско потекло. “

Русија продолжува да се меша брутално во бугарските дела и успева да го принуди кнез Александар Батенберг да абдицира, иако државниот удар против него да е осуетен од храбрите дејствија на Стефан Стамболов. Но ако нашата еманципација  од Русија го отвора патот кон Лондонскиот договор, бугарскиот елита не изработува јасна стратешка доктрина. Не проценува дека главната нејзина цел треба да биде „закотвување“ на Егејското Море и воспоставување на стратешки сојуз со главната „морска сила“ – тогаш Велика Британија, подоцна – САД. Наместо тоа, по падот на Стамболов Бугарија прави обид да се врати на божемно „нејзините традиционално добри односи“ со Русија. Од своја страна, Русија никогаш не и простува на Бугарија за обидот да биде независна.

За време на Балканската војна дел од бугарската елита верувала дека рускиот цар стои зад Бугарија. По потпишувањето на Лондонскиот договор за мир брзо станува јасно дека Русија нема да ја поддржи Бугарија во спорот со нејзините соседи.

Митрополит Методиј Кушев роден во Прилеп ја обвинува Русија за погромот на Бугарија кој проследува

Иако тој да е фактологично во право, прилично е незрело независна држава да обвинува голема сила за своите неуспеси. Бугарија требаше да биде свесна дека Русија не може да ја потпре. Требало да разбере дека главниот геополитички императив – закотвување на Егејот е успешно постигнат дека при создадените околности „Македонското прашање“ не можело веднаш да биде решено. Наместо да ја консолидира својата позиција да го „замрзне“ спорот за Македонија, Бугарија влегува во серија од војни, чиј исход е загубата на излезот на Бело Море, а тоа го прави токму две децении подоцна, нашата земја не толку важна за Западните сили и таа е оставена на Советскиот Сојуз.

Зачувувањето на „Лондонската Бугарија“ можело да гарантира далеку попријатна иднина за нашата земја во наредните 100 години. Но така е во реалниот свет. Има грешки кои се непоправливи!

Денес Лондонски договор е целосно заборавен.

Но по 1989 година пред Бугарија се отворија нови можности да ги ревидира последиците од националните несреќи и од Деветосептемвриската катастрофа. Во 90-тите изгледаше дека Бугарија повторно е на пат да се еманципира од Русија. Истиот Кисинџер тогаш изјави дека Бугарија го има направено најголемиот скок, споредена со сите европски земји. Од наричена како „најверниот советски сателит“, Бугарија успеа да стане земја членка на ЕУ и НАТО. Балканската конфигурација исто така се подобри значително. Југославија се распадна и Македонија доби независност. Во последните години традиционално силните односи меѓу САД и Турција се влошија до степен што пред неколку дена претседателот Ердоган го отповика својот амбасадор во Вашингтон! Стратешката вредност на Бугарија во очите на „морските демократии“ повторно нагло се зголеми, со оглед на новите предизвици кои Русија почна да ги упатува низ целиот регион.

Стратешкиот сојуз со „морските демократии“ денес би и дозволил на Бугарија да го постигне националниот идеал – максимално економско, политичко и социјално зближување со Македонија и евентуално договарање на суверен излез на Егејското Море – доставувајќи и на Грција сличен суверен излез на Црното Море, чие значење нагло ќе се зголеми со отворањето на новиот „Пат на свилата“. На овој начин би се постигнало и стратешко партнерство со Грција!

Само што како во 19 век, така и денес, станува јасно дека бугарското општество небаре не е во состојба да се обедини во заштита на бугарскиот национален интерес, кога предизвикот доаѓа од Москва! За голем дел од Бугарите Русија останува поголем авторитет од кој и да е бугарски политичар, а нејзиното благоволение е поважно од кој и да е национален идеал. Тоа не може да остане незабележано од нашите сојузници во НАТО и во догледна иднина тие едвај ќе заложат на нас!

Зајавената „поклоничка посета“ на претседателот Радев во Сочи – локација најверојатно избрана од руската страна, за да е блиску до окупираниот Крим, едвај ќе реши некои од тешките проблеми во бугарско-руските односи. Цената на гасот нема да падне, ниту рускиот пазар ќе биде отворен за бугарската стока. Русија нема да поддржи која и да е од бугарските стратешки цели, но очигледната ранливост од Бугарија пред рускиот притисок ќе направи така што и Западот може да не ги поддржи нашите императиви!

Циркусот разигран од Светиот Синод БПЦ ја покажа целосната бугарска немоќ.

Во ноември минатата година Македонската црква, која претендира дека е наследник на бугарската по име и карактер Охридска архиепископија замоли БПЦ да стане нејзина Црква-мајка. Со овој чин се ревидира неколкудецениската политика на негирање на бугарските корени на Македонците, внушувања дека Егзархијата била туѓа за нив институција која сакала да ги асимилира, итн

ʺМајка ти“ по дефиниција не може да биде туѓа. Таа не може да те асимилира … Овој пробив беше незамислив пред неколку години. Бугарскиот патријарх и дел од владиците рекоа дека ќе им протегнат братска рака за помош. Лидерот на ВМРО и воен министер на Бугарија изрази поддршка на ова приближување, а претседателот Радев беше пречекан радосно во Бигорски манастир, каде што игуменот Партениј изјави дека Бугарите и Македонците произлегуваме од ист сад! Пробивот изгледаше сигурен … но рускиот патријарх направи скандална посета на Софија, ги искара нашите духовни и државни првенци и тие понижувачки се свија и снижија!

17 мај 1913 година го означува врвот на развојот на пост-ослободителна Бугарија, која успеа да се еманципира од Русија,

Но не осозна дека рамноправни односи со неа се невозможни. Тогаш нашите управувачи не дефинирале што е супер важно и што второстепено. Затоа глупачки ги проиграа играа големите достигнувања!

17 мај 2018 година бележи врв во развојот на нова демократска Бугарија – постигнала толку многу по распадот на Варшавскиот пакт. Дали овој пат ќе успееме да ги консолидираме нашите достигнувања и да се утврдиме како потпора на западната цивилизација на Балканот?

Се уште не е доцна да се постигне тоа, но часовникот е злобно отчукува. Должни сме да покажеме, дека како народ, не само како одделни привремени влади, можеме да се обединиме во отпор против секој притисок, кој е на штета на нашите национални интереси, дури и кога тој доаѓа од Русија. Ако не го направиме ќе останеме сами меѓу Русија и Турција, која се утврдува како независен од Западот играч и јасно демонстрира дека не заборавила за деновите на Отоманската империја.

Геополитичката позиција на Бугарија во последните 105 години никогаш не била толку поволна како што е денес. Но, ако повторно го проиграме, како што направивме со Лондонскиот договор, катастрофите може да бидат пострашни од оние во 1913, 1918 и 1944 година!

–––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO