Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека можно е да се зајакнат врските на организацијата со Русија и да се поддржи дијалогот меѓу нив, рече Столтенберг во интервјуто за Ле Фигаро.

„Росија останува наш сосед и сакаме нашите односи да не се развијат во нова „студена војна“, ниту нова трка во вооружувањеjf. Продолжуваме да бараме дијалог со Русија, бидејќи сметаме дека ова е можно“, рече Столтенберг. Тој ја истакна потребата за подобрување на односите со Русија и „дури и ако тоа не е можно во оваа фаза, тоа ќе ги намали инцидентите, бидејќи сегашните тензии можат да доведат до опасни ситуации“. Столтенберг додаде дека Русија ја зајакнува својата позиција и во голема мера ги модернизира своите вооружени сили, особено нејзиниот нуклеарен потенцијал.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO