Американските власти не се информирани за промена на ставот на Северна Кореја и ги продолжуваат подготовките за состанокот меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, соопшти Стејт департментот.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап претходно пренесе дека Северна Кореја се закани со откажување на претстојниот самит поради воените вежби во Јужна Кореја. Историскиот самит меѓу Трамп и Ким е закажан за 12 јуни во Сингапур.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO