Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вечер во Софија организира неформална вечера за лидерите на Европската унија пред утрешниот самит. На вечерата, како што е најавено, лидерите ќе се фокусираат врз дигитализацијата на Европа, истражувањата и иновациите. Утрешниот самит пак, има за цел да инјектира нова енергија во односите меѓу Унијата и Западен Балкан и да ја потврди припадноста на регионот во европското семејство.

На состанокот ќе учествуваат шефови на држави или влади од земјите-членки на ЕУ, како и лидерите на 6-те земји од Западен Балкан: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO