„Зад грбот на патријархот направија комплот, тајните служи треба да се активираат“, изјави д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата Бугарска памет. Десетици излегоа утринава на протестот пред Синодалната зграда против одлуките на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, земени во почетокот на неделата по повод одбележувањето на 1000 година Охридска архиепископија.

Сакаме Патријархот да свика вонредна седница на Светиот Синод за да ја разгледа одлуката од 14 мај, рече на протестот Врабевски.

На 14 мај 8 архиереи го поддржаа предлогот на Русенскиот митрополит Наум Светиот Синод на Бугарската Православна Црква да не испраќа делегација во Македонија за прославата на 1.000 години Охридска архиепископија. Одлуката беше донесена во отсуство на Патријархот Неофит, кој сѐ уште е во болница.

Врабевски потсети дека пред шест месеци од Фондација Бугарска памет повторно беа пред зградата на Синодалната зграда, но за поддршка на барањето Бугарската Патријаршија да биде Црква-Мајка на Македонската архиепископија.

Шест месеци подоцна, иако беше ветено, нема движење. Големо разочарување има од одлуката на Светиот Синод, рече Врабевски и продолжи: Зад грбот на патријархот направија комплот, тајните служи треба да се активираат. Проверете за странско влијание врз институциите кои работат како држава во корист на други интереси. Ова е под странски диктат.“

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO