Големото чувство на национална одговорност пред својата татковина и својот народ го докажале многу познати борци со херојски подвизи и славни победи, искажувајќи длабока самопожртвуваност, упорност и чија храброст е достојна за  доверба и почит, а таквите личности се  гордост за сопствената земја.

Најпозната херојска и епска борба од војните во XX век, била херојската битка кај Дојран[1]. Во неа учествувале борци од ВМОРО[2] како дел од 11-та Пешадиска македонска дивизија, во склоп на бугарската армија, поразувајќи ги здружените сили на Антантата.  Тогаш е постигната и најголемата воена победа во нашата македонско – бугарска историја.

Владимир Минчев Вазов (14.05.1868 – 20.05.1945)

Роден во Сопот, Бугарија

Оној кој имал голема решителност за својата судбина, е генералот Владимир Вазов –  еден од најголемите бугарски воени команданти, од Деветтата плевенска дивизија.

Како осмо дете во семејството на Минчо и Саба Вазов, заедно со неговите шест браќа и две сестри, уште на деветгодишна возраст доживеал големи трауми, поради смртта на неговиот татко и прогонот од родниот Сопот[3], од страна на турските војници кои тогаш пустошеле во нивниот крај.

Можеби страшната омраза кон Турците која ја исполнила неговата душа, допринела да не се откажува од својата амбиција да стане воин, така што уште на 17-годишна возраст отишол во војска.


[1] Оваа битка се случила на 18-19 септември 1918 г. и во неа бугарската армија ги поразила англиските, грчките и француските војници

[2] Внатрешна македонско – одринска револуционерна организација

[3] Град во Бугарија

Уште како млад офицер на бугарската војска, се издвојувал од другите негови колеги, поради неговата истрајност и лични квалитети.

Почнал да патува во странство, каде што стекнал искуство и вештини, за да се справи со најсовремената техника која што представува оружје во големите и развиени земји.

Неговата значајна улога во воената историја на Првата светска војна, го издвојува како еден од ретките странски генерали, чие име е во официјалната воена историја на Обединетото Кралство[4].

Деветта пешадиска плевенска дивизија

Токму тој, генерал – полковник Владимир Вазов, кој е симбол на бугарската војска, симбол на храброст, моќ и благородност, ги ужива националните вредности со кој може да се опише еден вистински бугарски воин.

Таа есен, во 1918 година, кога сите очи на Французите, Англичаните и Грците биле вперени во ниските ридови крај Дојранското езеро, со цел да ја ликвидират бугарската армија во Македонија и Бугарија, и истата да биде окупирана и извадена од војната, Вазов ќе ја докаже својата имагинативна воена тактика и храброст.

По негова наредба изградени се високи бетонски и карпести засолништа, кои ги заштитиле од триста и педесетте илјади испукани гранати од страна на Антантата[1]. Во овие мигови  во кои никој од неговите војници не помислувал дека ќе преживее, а уште помалку дека ќе уништат четириесет и седум илјади непријатели, генарал Владимир Вазов на своите војници и офицери смело и одлучно ја изговара познатата историска реченица: „Мораме да победиме или да умреме“ – друг избор нема!, цврсто спортивставувајќи се на тоа огромно количество огнена моќ, со своите двесте и дваесет топови и четиристотини минофрлачи, со кои бугарската артилерија го претворила теренот во огнен пекол.                           

–––––––––––––

[4] Формирано на 1-ви Мај 1707 год. Составено од Велика Британија (Англија, Велс и Шкотска) и Северна Ирска

[5] Воен сојуз создаден помеѓу Русија, Франција и Обединетото Кралство

Генерал Владимир Вазов (негов познат цитат)

Исчадените големи јаворови дрвја крај езерото, преполовените ѕидови на објектите како и темелите од разурнатите куќи, биле неми сведоци на оваа пеколна и жестока борба. Ниту околните долови и шумовитите ритчиња,  не можеле да го скријат ехото на татнежи и детонации од бомби и гранати. Во тоа завојувано време на пустош и мачеништво, се чинело дека плачат и соседните  ридови и планини. Тажната воздишка на вознемиреното население, ја разнесувале немирните бранови на езерото, кои при одбивање од ѕидовите на разурнатиот град, ја оплакувале својата несреќна судбина. Но упорноста на бугарските единици, кои ниту ноќта не ги напуштале своите позиции, туку се подготвувале за ноќни дејствија со силни рефлектори, ги натерала Французите да се повлечат, оставајќи зад себе  големи материјални и човечки загуби..

Посебно ме воодушевува големата шокираност и изненадувањето на генерал Милн[5], командантот на непријателските војници од огромната загуба, наспроти борците на генерал Вазов, кои броеле помалку од петстотини мртви, имајќи ја во предвид нивната застапеност на бојното поле, која била седум спрема еден во корист на Антантата.

––––––––––––

[5] Висок офицер на британската армија кој служел како началник на Кралскиот Генералштаб од 1926 до 1933 година                                                             

                                                                             Битката кај Дојран ( 15 – 18.09. 1918 г)

Како „Херојот на Дојран“, нивниот највреден противник на бојното поле Владимир Вазов, во 1936 година, бил поканет од англиските ветерани во Англија на британскиот конгрес за легија, кои ја славеле победата на британската војска за време на Првата светска војна

Големината на херојството на Генерал Вазов,  ја изнесува токму тој неговиот противник,  командантот на Британците во битката  крај  Дојран, Фелдмаршалот Лорд  Милн. Тогаш кога се појавила бугарската делегација тој извикал : „Симнете  ги знамињата!  Поминува генерал Вазов  –  победникот од Дојран!“

Генерал Вазов во посета на Британскиот конгрес во Лондон 1936г.

Со екстремна скромност, големата грижа и почит оддадена од Англичаните, Вазов не ја доживува лично,  туку дека таа почит и припаѓа на деветтата пешадиска дивизија во Плевен!

Поради тоа што се докажал себеси со својата професија и патриотизам и бил еден од најголемите бугарски воени команданти без изгубена битка, несомнено го издвојувам како мој херој, чие учество во единаесеттата македонска пешадиска дивизија, останало забележано во официјалната воена историја на Обединетото Кралство.

Во спомен и сеќавање на генерал Владимир Вазов

Најдинамичните периоди од својата родна историја ги преживеал посветувајќи го својот живот на татковината, тоа е повеќе од доволно да остане во нашите срца како незаборавен херој, како посветен воен лидер и пред се како победник на Дојран!

Умрел на седумдесет и седум годишна возраст од срцев удар на 20 Мај 1945г.

Но никогаш нема да бидат заборавени сеќавањата на едно време, во кое дваесет и девет британски знамиња го обожавале ликот на херојот од  Дојран – генерал Владимир Вазов.

Време, во кое патот до слободата што денес ја уживаме, не бил толку лесен и едноставен, одејќи по тој пат многумина знајни и незнајни борци поминале по долината на смртта, за да ја донесат победата,чија цена ја платиле со херојски подвизи, a со тоа ги исполниле непопусливите стремежи за нашиот спокоен и мирен живот.

Затоа мирот е единствената борба која треба да ја водиме.

Вечна му слава!

–––––––––––

Награден есеј на ученик од Струмица на конкурсот на фондацијата ʺБугарска паметʺ на тема ʺ11-та Македонска дивизијаʺ . Наградата беше доделена на 6-ти мај, 2017 година на заедничкото чествување на бугарскиот воен меморијал во Ново Село, Струмичко.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO