Нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, рече денес премиерот Зоран Заев по судењето за „Поткуп“. Според Заев, партијата на Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции.

Продолжуваат разговорите и со други субјекти. Заев истакна и дека за имињата одлучуваат партиите, а до крајот на неделата ќе ги формализира и ќе ги достави предлозите до Собранието. При крајот на мај, како што наведе, со новиот владин состав ќе разговараат за подолните ешалони.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO