Диего Марадона може да ја продолжи тренерската кариера во клубот од Белорусија Динамо Брест, објавија локалните медиуми, кои го цитираат фудбалскиот агент Стефано Сеси. Вчера стана јасно дека Марадона разгледува предлози од Динамо и од клубови од Саудиска Арабија и Кувајт.

Сеси и адвокатот на Марадона во понеделникот се сретнаа со претставници на Динамо Брест во Дубаи, каде што во моментов е и самиот Марадона. Тој го дал согласието во принцип да го преземе тренерството по Светското првенство во Русија. На Светското првенство, Марадона ќе дејствува како експерт за венецуелската државна телевизија Телесур.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO