Руската компанија за антивирусен софтвер Касперски Лаб соопшти денес дека ќе ја премести својата основна инфраструктура и операции во Швајцарија.

Касперски, чиј софтвер опслужува над 400 милиони компјутери низ целиот свет, велат уште дека за да обезбедат целосна транспарентност и чесност, трансферот ќе биде предводен од независна трета компанија, исто швајцарска.

До крајот на годината Касперски ќе го преместат разработувањето на антивирусен софтвер во Цирих, а од следната година корисничката информација на клиенти надвор од Русија исто така ќе се сместени таму. Разработките за рускиот пазар, како и податоци за руските корисници ќе останат во Русија.

Преместувањето следува по настаните од минатата година, кога американските тајни служби го подигнаа прашањето дали софтверот на Касперски всушност е безбеден и дали нема „вратички“, преку кои ќе се врши шпионажа. Потоа, американската влада дури и го отстрани Касперски од неговата одобрена листа на софтвер. Од Касперски ги негираат овие тврдења, при што нагласуваат дека за нив безбедноста на корисникот е на прво место.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO