Рускиот претседател Владимир Путин на новоизбраниот ерменски премиер Никол Пашинјан на нивната средба во Сочи му посакал успех на функцијата и изразил надеж дека билатералните односи меѓу двете земји ќе се развиваат на стабилен начин како и досега.

Пашинјан му се заблагодарил на Путин за балансираната позиција на Москва за ситуацијата во Ерменија. Тој му порачал на Путин дека сака дополнително да се продлабочат односите меѓу двете земји во воената сфера и дека никој не се сомнева во важноста од нивните стратешки врски. Пашинијан беше избран за премиер минатата недела по протестите во земјата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO