Во голем број од објавените документи се наведува дека во повоениот период ЦИА одблизу ја следела дејноста на ВМРО и лицата кои се бореле за независна Македонија. Во еден од извештаите на ЦИА за ВМРО под наслов „Активноста на ВМРО во Југославија“, меѓу другото, се вели: „ВМРО тајно се бори за создавање на независна македонска држава, која ќеја вклучи територијата на југословенска Македонија. Организацијата е особено активна во градовите Прилеп, Велес и Штип. Тие шират гласини во Југославија, дека луѓето очекуваат да бидат ослободени од Титов режим до следниот Велигден „.

Во обвинението за Методиј Калкашев, лидер на уапсена група се наведува: „сите обвинети, незадоволни од денешната власт, од почетокот на 1946 година во Струмица, се организирале во фашистички дружества со цел сузбивање на уставниот поредок на Федеративна Народна Република Југославија. Тие се под раководство на обвинетиот Калкашев – истите се организираат во друштво кое има за цел борба против денешната Федеративна Народна Република Југославија и уставниот поредок на Н.Р Македонија во составот на Федеративна Народна Република Југославија во некаква си „Автономна Македонија“ на чело со крволокот на македонскиот народ Ванчо Михајлов, а под протекторат на Англија и Америка „. Во пракса, овие ученици се бореа за независна Македонија.

Еден од првите документи поврзани со Струмица е насловен како „Политички развој и промените во Струмичкиот регион на Македонија“.

Важно е за случајот да се забележи дека локалните комунисти Ристо Пилиќ (организациски секретар) и Мара Минанова (политички секретар) се двете најозлобни имиња што Струмица ќе ги памети долго време по судбоносната 1951 година година.

Во документот под наслов „Егзекуцијата на петте студенти во обид да влезат во Грција“, се наведува дека информациите во документот (3 страници) биле примени во јули-август 1951 година.

Повеќето македонски извори тврдат дека студентите биле уапсени и одведени во близина на границата, каде што биле егзекутирани по претходна наредба. Сепак, ЦИА не го негира фактот дека студентите биле испрашувани и измачувани пред убиствата. ЦИА, исто така, ги забележува ставовите на граѓаните и информаторите. Сите останати факти се совпаѓаат: Изјавата на муслиман од село Дорлобос, за тоа дека нивните раце биле врзани со жица, а нивните тела биле сеуште топли, за наредбата за испраќање на ковчези во Костурино, изјавата на Мирче Топчев, испрашувањето на родителите на студентите, погребот на гробиштата во Струмица, бројот на присутните на погребот и начинот на закопувањето на младите студенти.

ЦИА добила нов извештај насловен како „Услови во средното училиште во Струмица“. Главната цел на извештајот е да се испита политичката припадност на факултетот и учениците. Информациите кои ЦИА ги добива се следните: Александар Аговски – директор (активен комунист), Мано Димитров – географија (не е комунист), Слободан Николовски – македонски јазик (не е политички активен), Анка Петрова – физика (не е комунист) Константинов – Природни науки (нема информации) и крос – воена обука (нема информации).

Според извештајот во средното училиште има и неколку комунисти од листата на ученици. Во продолжение за училиштето се зборува: „комунистичкото студентско друштво лошо работи и е неефикасно. Учениците се принудени да членуваат во оваа организација, но тие избегнуваат да бидат вклучени во активностите“.

До крајот на 1950 година во училиштето имало 1000 ученици, а потоа Властите одлучиле да го намалат бројот на стипендии, а запишувањето на нови студенти да е сведено на 500. Овој факт, исто така, дава јасен заклучок дека Власта сакала да ја намали интелигенцијата, а потоа лесно да се справи со реформите што требало да се остварат до крајот на 1951 година.

(Извори: Документи на ЦИА за Македонија [01.03.1949 година; 17.08.1951; 27.10.1951; 28.11.1951; 29.11.1951; 30.11.1951; 01.12.1951; 13.12.1951; 06.06.1952)

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO