Тренерот на Зенит, Роберто Манчини сподели дека уште пред три месеци решил да го напушти рускиот клуб, а причините се претежно семејни. Сепак, Италијанецот ги отфрли информациите дека ќе е сигурен селектор на неговата земја.

Ова утро, раководството на Зенит потврди дека договорот со Манчини е прекинат со заедничка согласност. Според медиумите, тој веќе има прелиминарен договор со Италијанската федерација и наредната недела ќе потпише договор за две години.

„Сакам да истакнам дека иницијативата да го напушти Зенит е исклучително моја. Во многу аспекти тоа е поврзано со семејни околности. Решението да напуштам беше прифатено пред три месеци и не е поврзано со друг клуб или репрезентација. Долго го обмислував и никако не беше лесно да одлучам, а играчите на Зенит не знаеја за него. Веројатно тие почнаа да си замислуваат во последните десетина дена, но тоа дека го напуштам клубот, го научија денес. Во моментов немам никакви договор за работа со националниот тим на Италија и не можам да потврдам дека ќе го предводам тимот. Немаше да биде чесно да водам преговори пред мојот договор со Зенит да биде раскинат, тоа ќе беше против правилата. Сега, кога сè со мојот договор е договорено, можам да започнам преговори со Италијанската федерација „, објасни Манчини. Зенит следната сезона ќе игра во Лига Европа, каде што ќе го започне турнирот од третото квалификациско коло.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO