Податоци за документот:

Број на документ (ПДИ) / ESDN (CREST):
ЦИА-RDP82-00457R009400400013-4

Број на страници во документот:
2

Датум на објавување:
21 ноември 1951 година
Тип на содржина:
ИЗВЕШТАЈ

На официјалната веб-страница на ЦИА, објавен е документ под наслов „Бунтовни групи во Вардарска Македонија“ (орг.RESISTANCE GROUPS IN VARDAR,MACEDONIA)

Во него е опишано дека во 1950 година во Вардарска Македонија имало повеќе револуционерни групи меѓу која и ВМРО. Пропагандата на Организацијата се водела низ средните училишта и факултетите во НР Македонија во групи од по тројца луѓе.

Имале ограноци и во Белград и Загреб. Во Белград соработувале со антикомунистичката група „Златен орел“, а во Хрватска со антикомунистичката група „Крстоносци“, како и луѓе уште лојални на Усташите.

Огранокот во Скопје имал за цел да собере 35000 динари за да купи стара американска печатарска машина од Загреб да може да објавува весник на Бугарски литературен јазик за да се решири низ Македонија. Иако проектот бил неуспешен, тие требало да објавуваат преводи од американскиот весник „Македонска трибуна“.

Погледете го оригиналниот документ ТУКА.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO