Со звуците на Триумфалниот марш од Вердиевата „Аида“ и со традиционалниот фестивалски оган кој вечерва го запали првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова, во Македонската опера и балет свечено беа отворени 46. Мајски оперски вечери.

Пред почетокот на првата претстава од програмата – премиерата „Боеми“ од Џакомо Пучини, во фоајето на МОБ се обрати премиерот Зоран Заев. Тој го поврза настанот со Денот на Европа и рече дека како домаќин на гости од повеќе земји од регионот и Европа, фестивалот испраќа силна порака за здружување на различностите.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO