Напаѓачот на Пари Сен Жермен Единсон Кавани ја негираше информацијата дека смета да го напушти клубот во текот на летото. Уругвајскиот репрезентативец забележа многу силна сезона со парижаните, реализирајќи 40 гола на сите турнири. Сепак во последно време се појавија информации дека 31-годишниот фудбалер размислува за враќање во Италија, каде што ги носеше дресовите на Палермо и Наполи, како и за негов евентуален трансфер во Атлетико Мадрид.

Со текот на времето, ние фудбалерите успеваме да изградиме посебни односи со навивачите – нешто што е навистина важно за мене. Дали мојата иднина е тука? Се разбира „, изјави Кавани по победата на неговиот тим со 2: 0 над Ле Ербиер во финалето од Купот на Франција.

Уругваецот го постигна вториот гол на натпреварот и веќе има170 погодоци за ПСЖ, станувајќи на тој начин најуспешниот фудбалер во историјата на клубот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO