Претседателот на Барселона Хосеп Мариа Бартомеу призна дека веќе се сретнал со претставниците на напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман. Францускиот репрезентативец е меѓу најголемите трансферни цели на каталонците, при што не е исклучено тој да премине на Ноу Камп во текот на летото. Од своја страна голгетерот на Атлетико веќе изјави дека сака ситуацијата околу неговата иднина во Атлетико да биде решена пред стартот на Светското првенство во Русија.

„Водевме разговори со неговите претставници, како и со оние на други фудбалери, призна Бартомеу пред каталонскот радио Rac1. Тоа се случи во текот на минатиот октомври, но тоа беше само средба, ништо повеќе, па затоа нема потреба да се прават шпекулации на оваа тема „, коментира тој.

Евентуалното привлекување на Гризман во Барса неизбежно ќе доведе и до многу прашалници околу иднината во составот на Осман Дембеле, за кого во изминатото лето беа платени 147 милиони евра на Борусија Дортмунд. И покрај колебливите настапи на 20-годишното крило во текот на сезоната, Бартомеу категорично ја негираше можноста клубот да се раздели со него.

Тоа воопшто не влегува во нашите планови. Дембеле е дел од нашата иднина и ние очекуваме многу од него во следните сезони, дополни шефот на Барса.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO