Поранешниот селектор на Италија, Марчело Липи, ја одобри еаријатата Роберто Манчини да ги предводи Азурите. Тренерот на рускиот Зенит е еден од главните кандидати да ја преземе функцијата, а освен него, се споменуваат и имињата на Карло Анчелоти и Клаудио Раниери.

Според Липи, кој ја предводеше Италија на Светското првенство 2006, Манчини ќе биде совршен избор за оваа работа поради огромното меѓународно искуство.

„Тој е врвен тренер со големо искуство. Според мое мислење, трите имиња споменати во медиумите – Анчелоти, Манчини и Раниери – им се допаѓаат на навивачите. Исто така се спомнува и името на Гасперини. Ако, сепак, Италијанската федерација застане зад Манчини, тогаш тоа ќе биде избор на тренер со навистина богато меѓународно искуство. Тој е тренер на големи шампиони, а исто така, мислам дека има желба да ја предводи Италија „, рече Липи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO