Арсен Венгер не го криеше огромното разочарување по елиминацијата на неговиот Арсенал во полуфиналето во Лига Европа. Лондончани загубија со 0: 1 во реваншот со Атлетико во Мадрид и со вкупен резултат 1: 2 беа исфрлени од натпреварувањето.

„Во моментов разочарувањето е големо. Секогаш е тешко кога ќе бидете елиминирани, но сега сум уште тажен од тоа. За жал, понекогаш оваа игра може да биде многу жестока, и ние треба да преминеме преку тоа. Без сомнение, сепак разочарувањето по оваа загуба е огромна, коментираше францускиот специјалист, за кого ова беше последен натпревар на чело на „топџиите“ во европските клубски турнири.

„Ни недостасуваше нешто во последната третина на теренот и гледајќи кон нашите можности за гол вкупно во двата натпревари – најмалку што можеме да кажеме е дека нашето претставување не беше задоволително. Требаше да решиме сè во првиот натпревар, но тогашпромашивме многу. Од своја страна, Атлетико е тим кој се брани добро, а и среќата не беше на наша страна. Севкупно, тоа беше многу тежок натпревар помеѓу две екипи кои дадоа се од себе. Му честитам на ривалот и им посакувам успех во финалето. Спокојно можеме да кажеме дека победникот од овој натпревар е јавниот фаворит да го освои турнирот „, дополни Венгер, кој по крајот на сезоната ќе го напушти менаџерскиот пост во Арсенал по 22 години.

На спротивниот пол беше тренерот на Атлетико Диего Симоне, кој поради казна мораше да ја гледа средбата од трибините. „Среќни сме, што повторно сме во финалето. Уште откако го изгубивме последното финале во Лигата на шампионите, нашата цел беше да се бориме повторно за европски куп, коментира Аргентинецот. Во спорот за титулата на 16 мај во Лион Атлетико Мадрид ќе се сретнат со францускиот Олимпик Марсеј.

Историјата се пишува токму во слични судири во кои стадионите треба да бидат вистински упоришта за домашните тимови. Во овој натпревар, почувствував дека атмосферата на трибините ни помогна. Нашите фанови беа до нас во текот на целиот натпревар, бидејќи знаеја дека на тимот му е потребна тъаа поддршка „, рече Симеоне.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO