Шведската академија соопшти дека Нобеловата награда за литература нема да се доделува оваа година поради неодамнешните контроверзии. Според академијата, овогодинешната награда ќе биде доделена во наредната година.

Академијата на својот неделен состанок во Стокхолм донесе заклучок оти не е подготвена да избере победник поради скандалот со обвинувањата за сексуално малтретирање што предизвика неколку членови на одборот да ја напуштат институцијата.

Одлуката, како што наведе академијата, е донесена поради лошата состојба на академијата и намалената доверба на јавноста.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO